Протестна акција во Битола: „Ромите не се вреќи за боксирање – стоп за насилството врз Ромите“

02.12.2020 16:57
Протестна акција во Битола: „Ромите не се вреќи за боксирање – стоп за насилството врз Ромите“

Граѓанска иницијатива во Битола со герила акција го изрази својот протест против бруталните претепувања на Роми од страна на униформирани полицајци во изминатите месеци, но и генерално против насилството од цивили врз битолски Роми, нешто што се провлекува долго време.

На повеќе места се поставени „боксерски вреќи“ со налепници и банери, како и знаци кои порачуваат „Ромите не се вреќи за боксирање – стоп за насилството врз Ромите“. Пропагандниот материјал е поставен на јавен простор во градот во близина на места каде се случија последните инциденти.

„Насилството врз Ромите во Битола помалку или повеќе со години се провлекува и е присутно во јавноста без да има сериозни реакции на надлежните институции. За жал последните напади во изминатите 2-3 месеци, во кои без особена причина брутално беа претепувани припадници на ромската заедница, беа направени од страна на униформирани полициски службеници на должност од полициската станица Битола. Тоа е непростливо и не треба да се премолчи! Секој граѓанин треба да го осуди и да се бори против ваков тип насилство! Токму затоа ја креиравме оваа акција со цел јавно да проговориме и да ја потсетиме јавноста на овие проблеми од кои најголем број се уште немаат разрешница. За жал нашиот град Битола е еден од градовите во Македонија со највисок процент на насилство врз Ромите кои се жртви не само на полицијата, туку и на многумина локални насилници кои својот бес и фрустрации секојдневно ги истураат на нашите сограѓани Роми“, порачаа активистите.

 Извор: Мета.мк

 

ОкоБоли главаВицФото