Вработените во Гугл оформуваат синдикат

09.01.2021 17:27
Вработените во Гугл оформуваат синдикат

 

Над 200 вработени во Гугл и неговата компанија-мајка Алфабет, започнаа обид за формирање синдикат, чекор од кој затреперија технолошките гиганти во Силиконската долина. Tоа досега го претставува најголемиот и најорганизираниот предизвик за извршното лидерство на компаниите.

Синдикатот на вработените во Алфабет ќе биде воден од вработените и отворен и за вработените со целосно време и за хонорарните работници.

Ваквото здружување е редок потег во Силиконсата долина, која е позната по тоа што е против синдикализирањето. Го рефлектира и растечкиот активизам во тех-индустријата, и подготвеноста да се направи чекор напред од протести и петиции.

„Овој синдикат гради врз години храбро организирање на вработите во Гугл“, вели програмскиот менаџер Ники Анселмо.

„Ова е историски настан“, вели Дилан Бејкер, софтверски инженер во Гугл, „Првиот синдикат во голема тех-компанија од и за сите работници во индустријата. Ќе избираме претставници, ќе донесуваме одлуки демократски, ќе плаќаме долгови и ќе најмиме искусни организатори за да обезбедат дека сите вработени во Гугл знаат дека можат да работат со нас ако навистина сакаат нивната компанија да ги рефлектира нивните вредности.“

Формирањето на овој синдикат доаѓа после години раст на тензиите меѓу вработените во Гугл околу бизнис и оперативните одлуки на копманијата. И во текстот и во соопштението за медиуми, синдикалните водачи наведуваат неколку инциденти во изминатите три години кога вработените на Алфабет излегуваат на заеднички протест против одлуките донесени од раководството на компанијата. Во 2018, над 4000 вработени на Гугл се противат на „Проектот Мејвен“ кој требаше да го сработат за Пентагон. Најмалку 12 вработени поднесуваат оставка по ова, а подоцна Гугл решава да се откаже.

Исто така во 2018, 20 000 вработени на Гугл ги напуштија своите места како протест за начинот на кој компанијата се справува со обвиненијата за сексуална злоупотреба, откако неколку директори против кои имаше вакво обвиненија си заминаа од Гугл со надомест од десетици па и стотици милиони долари.

За многумина последната капка беше неодамнешното отпуштање на Тимнит Гебру, општо почитуваната научничка на тема етика на вештачка интелигенција.

Во 2019 Гугл ја ангажираше озлогласената компанија за разбивање синдикати ИРИ Консултантс, а подоцна истата година Гугл ги отпушта неколкуте вработени кои важеа за организатори на синдикално здружување во фирмата.

Неодамна американскиот Национален борд за трудови прашања утврди дека неколку од отпуштањата од 2019 се незаконска одмазда против напорите за легално заштитената организација на работната сила.

Барањата на синдикатот се осврнуваат на многу од овие прашања.

Извор: Arstechnica

ОкоБоли главаВицФото