Седум волшебни планини

04.03.21 15:18

Во 2016 година, необично шарената формација на камења ја прекина тишината на пустината во Невада. Се работи за делото на уметникот Уго Рондиноне (Ugo Rondinone), насловено „Седум волшебни планини“ и е една од најголемите уметнички инсталации на отворен простор во САД.

Инсталацијата се состои од варовнички камења од локално потекло наредени во групи и насликани со флуоресцентни бои. Изработката траела пет години, а проектот го продолжува интересот на Рондиноне за природните појави и нивната врска со човечката состојба. Инсталацијата е лоцирана на десетина милји јужно од градските светла на Лас Вегас, блиску до легендарно езеро „Jean Dry Lake“, место кое е дел од историјата на ленд арт делата на американскиот запад. Делото ги преиспитува границите помеѓу органското и вештачкото, реалноста и симулакрумот. 

Извор: ignant.com

ОкоБоли главаВицФото