Џунглата

17.05.2021 11:11

„Само две раце имам“,
вели убавата стујардеса.
Си оди со послужавникот по ходникот
и од неговиот живот засекогаш,
си мисли тој. Од неговата лева страна
долу во далечините светат светла
од село на ридот во џунглата.
Толку невозможни работи се изнаслучија,
па не го чуди кога таа се враќа
за да седне на празното седиште карши неговото.
„Ќе се симнете во Рио или одите за Буенос Аирес?“
Пак ги покажува убавите раце.
Тешките сребрени прстени ги држат прстите,
златната бразлетна завиена околу зглобот.
Обајцата се горе во воздухот,
над Мато Гросо што испарува.
Доцна ноќ е.
Продолжува да ѝ ги мисли рацете,
гледајќи во свиените прсти.
Поминати се месеци, и тешко е да се објасни.

Превод: Магда Ориѓанска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото