Мали океани

30.12.2023 09:31

И кога ја запознав Елен во кафулето во Провинстаун
пред себе имаше чаша со прст леден чај,
а кога ја сретнав две години подоцна во Њу Орлеанс

На конференција за заштита на лебеди
во левата рака држеше чашка со прст шери,
затоа заклучив дека е Елен особа од еден прст

кога се во прашање течностите. Ете отприлика
толку можете да знаете за другите.
Таа веројатно, иако не и сигурно, верува

во мали оброци и кратки додворувања,
дремки и романи од стотина страници; веројатно
промислено открива само прст од деколтето

на божиќната прослава на фирмата.
Каков е тој бог што направил толку уредно суштество?
Каков сум, пак, јас

Кога секогаш останувам надвор,
и цркнувам од жед обидувајќи се
да ѕирнам во внатрешноста на животот?

Дали сум само некаков малецок Магелан
што стои крај оградата на бродот, со дурбин на окото,
додека го опловувам светот?

Тие мали океани, тие мали океани,
сепак се океани.
Како инаку би знаеле што е океан
освен ако е невозможно да се премине?

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото