Порака за бившиот пријател

03.01.2024 16:41

Само сакам да напишам и речам,
во случај утре да те удри камион,

или од плажа ако ти збрише чудовишен бран;
или во случај твојата бивша жена да одлучи

себе да си го одземе животот
веднаш откако ќе го одземе твојот;

или во случај да отидеш на лекар,
кој ќе ти го напипа чворчето на вратот,

и брзо ќе те одвлечат во страшните води
на клиники и инфузии

и никогаш веќе ако не те видам ‒
само сакам да напишам и речам:

Bon voyage!, пријателе мој, мој драг и бивш пријателе.
Само сакам да признам

колку ми значеше тогаш,
пред да научам да ја потиснувам својата љубов

благодарение на твојата поука.
Фала богу што цврсто ги затнав тие дупки

низ кои секој минувач
можеше да ја види мојата потребитост ‒

и фала богу што те прогонив
во тој заледен дел од себеси

каде што ништо не се мрда и не дише.
Нели е тоа смешно?

Од својата слабост никогаш не можеме да се ослободиме,
потребитоста нè прави такви какви што сме.

Животот е своевидна рана;
раната е своевиден отвор;

па дури и љубовта која исчезнала
таинствено се враќа

како вода што извира под земја,
прочистена од долгиот престој во мрак;

спремна некој да стигне, клекне
и повторно да се напои со неа.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото