Не треба да заклучуваме набрзинка

09.01.2024 10:45

Откако Џим ги напушти Елен и децата,
без објаснувања дури и спрема себеси,

а сите пријателки на Елен основаа своевиден Клуб на Мразачки
на Џим Марфи;
и неговите пајтоси му телефонираа

и зборуваа: „Ебате, стари“, а потоа ја затнаа славината
- сите се согласија дека сигурно има љубовница или сака да умре,

оти е престар за идентитетска криза,
но никој не ја изнесе хипотезата

дека Џим, во станче во Улицата Пулвоки
со својата една чинија и со ТВ антената од алуминиумска фолија

и со чашата полна ситнеж за машината за алишта
и со потната перница од мемориска пена

е во обред на премин, духовно патешествие, потрага по визија,
служба во француската Легија на странци.

Никој не спомна дека Џим можеби ползи
на раце и колена

низ мрачната шума на себството
која никој не се удостоил порано да му ја спомне.

Тогаш дојде една вечер на почеток на летото
кога Џим седеше крај прозорецот во гаќи

и напиша нешто што беше
извештај за резултати или интерен допис:

„Душата ми е налик на извор / задушен
со црвенкасто лисје и кал“, начкрта

и малку се оддалечи од жолтиот нотес
зачуден од она што не можеше да го нарече песна,

па и понатаму така си седеше во темницата,
помислуваше дека со него веројатно нешто не е во ред,

се сомневаше дека е можеби идиот, или будала,
а многу веројатно и себичник.

- А сепак, нешто се случуваше.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото