Ливада

20.12.2023 23:56

Пеперугата се движи на соларен погон:
лелее низ чистинката, каде што светлината е јака.

Кога ќе дојде до работ на осојот, се врти,
и одлебдува назад на чистинката.

Не троши повеќе енергија од потребното,
и никогаш не сме виделе пеперуга која забрзано расте,

од големина на јасикин лист до обем на чинија.
Никој никогаш не забележал незаситна пеперуга

која со булдожер срамнува хектари поле за да изгради нова викендичка,
или пеперушки супермаркет, каде што пеперуги

би продавале увозен полен
на други пеперуги по надуени цени.

Мислам дека ви е јасно кон што целам.
Поентата нема да ви ја набивам на нос како клинец во глава,

или да дадам оглас во весник со вашето име,
во кое пишува да го изгаснете светлото при излегување од дома,

или сите свои пари да ги донирате на фондација за жирафи.
И песната треба да биде на соларен погон,

па да се сврти и врати од рабовите на обвинувањата.
Да слета на работ од чаршафот

и потоа да ги рашири крилјата,
лесна како навестување.

Превод: П. В.

 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото