Царот е сосема гол

28.12.2010 14:12
Kapak-69.jpg

Имав подготвен текст за крајот на првата деценија на 21 век. Филозофско-историски текст. Кој го фрлив во ѓубре ноќта од четвртокот кон петокот, на 24 декември 2010. Оти, сфатив, нема место, веќе, во земјава, за теорија, филозофија, историја. Оти 21 век во Македонија уште некое време нема да изгрее. Зашто, меѓу другото, и сонцето е во сопственост на Фамилијата. Оти место под сонцето има само за пастирот и неговото трло. Другото ќе се апси. Ќе се гази. Фамилијата прогласи: А1 ТВ е разбојник. Сопственикот на таа телевизија е разбојник. СДСМ е разбојник. Сите оние граѓани кои покажуваат милост и разбирање за посочените инкриминирани лица - исто така се разбојници. И спрема нив ќе се постапува како кон криминалци. Тоа ни го кажа власта, во директното риалити шоу, низ камерите на конкурентската телевизија, низ устата на еден од највалканите новинари во историјата на новинарството (инаку, преполно со чудовишта и џелати од најразновиден тип).

И покрај целото лудило, морам да речам, чудно е и ми изгледа речиси самоубиствено задоволството на оние новинарски и политички кругови кои мислат дека ќе имаат полза од уништувањето на највлијателната македонска телевизија. Затоа што апсењето на сопственикот на А1 ТВ е само увод во низата апсења кои ќе следат, можеби за некој месец, можеби за година-две... Од тие причини насфатливи ми се задоволството и сеирот; веќе утре челичната партиска полиција (овојпат на некоја друга партија) ќе чукне на вратата на денешните поддржувачи на железната тупаница на груевизмот; веќе утре оние што денес апсат и лесно пресудуваат ќе бидат уапсени, одново за радост и сеир на нацијата жедна по спектакли и правда. Бизарна е (до лудило, токму до автодеструкција) радоста на медиумскиот идеолог на преродбата, зашто од сателит се гледа кој е следниот за апсење.

Веројатно немаме доволно информации, но дека власта е во паника, јасно е барем половина година. Тие знаат нешто што ние не знаеме. Не ја знаеме, на пример, причината за наглото забрзување на политичките процеси во земјава... Дали груевизмот, затекнат во очигледен пад, се обидува панично да се пресмета, додека уште има сила, со најсериозните противници?! Очигледно - да. Но, како не гледаат, изродбениците, дека уништувајќи еден „непријател“ - создаваат десет нови?! Со апсењето на Рамковски поени не добива ниту „правната држава“, ниту олигархијата на Груевски; апсењето на Рамковски е поен за антигруевизмот, и тоа за најрадикалниот антигруевизам кој ќе се пресметува со груевистите можеби и бетер од што груевистите се пресметуваат со сите надвор од трлото на пастирот. За сеирџиите, се чини, настапуваат спектакуларни времиња; но, времињата, изгледа, ќе бараат јасни изјаснувања, баш контра-сеирџиски: или си со груевизмот или контра него. За сеирот, парадоксално, ќе има сè помалку место. И тоа, можеби, е добро. И затоа, можеби, треба да се поздрави најновата (лудачка, една од многуте) акција на изродбата: расплетот е поблиску, а граѓаните ќе мораат да решат, дали и втората деценија на 21 век ќе ја поминеме во сатрапијата на Златниот-Црниот (т.е. Малиот-Големиот, прославениот Николае Грујабе) или конечно ќе го фатиме патот на регионот, на Европа, на цивилизацијата...

Многу пати во колумнава изминатите години предупредував: Груевски ја води земјава кон многу опасни предели. Груевски ја одвои земјава од континентот, како парче санта, а патот што го избра води директно кон водопадот. И веќе не е битно дали е свесна или несвесна власта што ни го приредува кањонскиов слалом меѓу карпи; доверувајќи го управувањето со овој бушен чамец на кормиларот Груевски ние тргнуваме на патот кон „Београд“ на кој вози Мишко, кој „може и затворених очију“! Лудиот автобус чиј возач беше Мишко некако успеа да стигне до Белград, но таму веќе паѓаа бомби...

Рибарите во (Мишковата) Србија имаат интересен израз: „се превртела водата“; притоа мислат на периодот кога реката надоаѓа и тињата од дното доаѓа на површина... Е, во такво време живееме, време на превртена вода, кога гадоста од дното станува највидливиот дел на реката. Состојбата што ја тресе нашата држава (налик на бунило) може да се нарече и мизерабилизам. Терминот го создаде Андре Бретон; тој се однесува на сите општествени, политички и културни стратегии кои граѓаните ги ставаат во положба да бидат доброволни учесници во сопствената деградација. Надоврзувајќи се на Марксовата идеја за акумулација на економската „мизерија“, Бретон излегува од економските категории и го дефинира мизерабилизмот како целосно и системско занемарување на стварноста заради нејзината егзалтирана верзија. Безнадежноста и очајанието на луѓето се енергиите на мизерабилизмот кои понекогаш се придвижени и управувани од мизерни моќници кои на крајот најчесто стануваат жртви на сопствените монструми ослободени од ќупот.

Ханс Кристијан Андерсен во 1837 година ја објавува сатиричната приказна „Новата облека на царот“. Да потсетиме на славната финта на двајцата кројачи: тие рекле дека нивната облека не можат да ја видат оние кои се наоѓаат на високи позиции или оние кои се премногу глупави за да го видат очигледното. Прислужниците на царот, а и самиот цар, лажеле дека гледаат и сфаќаат. Нивната голотија набрзо ја виделе сите. „Царот е гол“ е една од најславните реченици на народното ослободување. А нашиот цар, комплет со неговите слепи придружници, ваистину е ќор - гол.

„Глобус“, 28.12.10.

Да им светеа очите на

Да им светеа очите на педерите
Скопје ќе беше Лас Вегас

Ако се навратиме малку

Ако се навратиме малку наназад, се замислиме па се сетиме што било во Кина со нивнит цар тоа истото го очекува овој нашиот диктатор Гвујадин. Би било непоштено,и нехумано за напатените страдалници од овој Гвујовистички диктаторски режим ако му се прости за сите гревови направени за народот и Републиката. Нека патат и плачат неговите што го доведоа на тронот но зошто да страдаат тие кои не го гласаа него и неговата секта наречена ДПНЕ.
Верувам дека по паѓањето на овој ненароден режим наследниците по него ќе имаат доблест и клетвата дадена пред овој страдалнички напатен народ ја исполнат да го видиме диктаторот неговата фамилија и неговите верни слуги зад железната ограда и на крајот го доведе до положбата како последниот Кинески цар т.е. ГРАДИНАР. 
 
 

каква Кина бре будало

каква Кина бре будало комуњарска и кој народ? Народот се знае кого мрази - Бранко Црвенковски. Ненароден режим а во исто време е и популистички и има несомнено најголема поддршка од гласачите. Ебаве тоа шупците, ќе пукнете од мака, ама тоа е. Во моментов на власт е гарнитура која се обидува да ја оправи Македонија наспроти нив се затуцаните шупци кои уживаат во својата инфериорност, во својата простотија, осаменост, јадење го*на и во својата злоба. Тоа е вистината, една и единствена. Победени сте бандо црвена нема враќање на власт.

А бе го нема коља кој знае

А бе го нема коља кој знае Сорос кај ги части нова година?

Ил ги шиба шо не му ја

Ил ги шиба шо не му ја исполниле првата петолетка.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото