1018 hPa
94 %
13 °C
Скопје - Чет, 16.05.2024 00:44
Сè почнува кога почнува,
од јајцето или црвот,
само сонцето грее
уште од утрото прво.
Сè си има свое време,
било сега или некогаш,
само сонцето е
добредојдено секогаш.
Сè доаѓа кога доаѓа
и заминува ко река,
само сонцето вечно
го радува човека.
Превод: П. В.