Религијата и сексуалноста

30.12.2010 14:35
Религијата и сексуалноста

Што исламот, јудаизмот и христијанството имаат да кажат за сексот? Одговорите се разликуваат најмногу по тоа кого сте прашале. 

Во врска со тоа, еве што може да се најде во сите три или само во некоја од споменатите религии.

- Забранет е секс за време на менструација;

- Забранета е контрацепцијата;

- Забранет е абортусот;

- Забранет е сексот меѓу истиот пол;

- Забранет е оралниот секс;

- Забранет е аналниот секс;

- Забранети се сексуалните фантазии;

- Забрането е самозадоволувањето;

- Дозволена е само моногамијата;

- Забранет е сексот пред брак;

- Забранет е сексот вон верските рамки;

- Забранет е вонбрачниот секс.

Сите овие правила се создадени околу 1200 година п.н.е. и 800 година н.е. Ако се земе предвид периодот во кој се создадени, ќе се добие следниов контекст:

- Главно тогаш луѓето живееле како номади и пастири, а подоцна на фарми и села;

- Тогаш имало голема смртност меѓу децата и при раѓањето;

- Животниот век тогаш изнесувал околу 40 години;

- Приватност речиси и да не постоела;

- Немале струја, ни светло по настапувањето на ноќта;

- Многу малку или воопшто не постоеле вонсемејни контакти, посебно меѓу два различни пола;

- Немале водовод и ретко се бањале;

- Со мал број исклучоци, ретко кој престојувал подалеку од седумдесетина километри од живеалиштето.

Како исход на ова, големите семејства биле од исклучително значење за опстанокот на економијата и политичкиот ангажман. Тие основале кланови и племиња кои го регулирале бракот, економската размена и политичките судири.

Кога би сакале луѓето до 21-от век да живеат ваков живот, тоа би било и повеќе од бизарно. Колку навистина копнееме по нехигиената, по зјапањето во својот двор до крајот на животот, по вештерките и врачевите?

Не копнееме? Тогаш, зошто околу три милијарди луѓе ја ограничуваат својата сексуалност според верските догми во однесувањето, општењето, верувањата, суеверијата и стравот од тие луѓе?

Извор: b92.net

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Историја
Теорија / Историја
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото