Патот

13.10.2022 14:36

Сега, кога излегов од гратчето, неговите малечки гради, некако срамежливо збрчкани, тихо чкрипea под тежината на моите чекори. Но во тоа чкрипeње не се чувствуваше тагата што со полни раце ја влеваше есента. Патот нешто негодуваше. Неговиот глас беше сличен на глас на шеесетгодишен старец. Се исплашив од него и избегав, дојдов во тревата, не газејќи веќе по него.

Потоа дојде испрекинатото липање на ветрот.

Потоа дојдоа врапчињата.

Сите избегаа од патот.

И нивното испокинато шумолење личеше на смев на школско ѕвоно.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото