Почина еден од пионерите на рокенролот, Џери Ли Луис

31.10.2022 11:35
Почина пионерот на рокенролот,Џери Ли Луис

Во петокот (28 октомври), на 87 годишна возраст почина еден од пионерите на рокенрол музиката, Џери Ли Луис.

Џери Ли Луис ќе остане запаметен по хитовите "Whole Lotta Shakin‘ Goin‘ On" и "Great Balls of Fire", како дел од бранот преку кој рокенрол музиката ќе се издигне во најпопуларен жанр во тоа време. Списанието Ролинг Стоун го вклучи меѓу 100-те најдобри уметници на сите времиња.

„Создадов рокенрол пред да помислат на рокенролот“, ќе изјави Луис во едно интервју во 2014 година. „Кога настапи Елвис, тоа беше рокабили. Кога излегов со Whole Lotta Shakin' Goin' On, тоа беше рокенрол", додава тој.

Луис го наведуваат како инспирација и Мик Џегер и Пол Макартни, а Елвис Присли има изјавено дека ако може да свири на пијано како него, ќе престане да пее.

Џери Ли Луис е роден на 29 септември 1935 година во Феридеј, Луизијана. Тој израснал во сиромаштија, татко му бил столар. Како дете, Џери се прикрадувал во локалните клубови за да ги слуша Реј Чарлс и ББ Кинг.

Иако бил вешт и во свирење на тапани, Луис почнал да свири пијано на осумгодишна возраст. Таткото на Луис ја ставил под хипотека нивната фарма за да може да му купи пијано, еден постар братучед набрзо го научил на стилот на буги-вуги. Својот прв јавен настап го одржал на 15-годишна возраст, на паркингот на салон за автомобили.


Подоцна го исфрлиле од училиште поради музика бидејќи на училишната претстава свирел госпел во рок стил.
Џери Ли Луис Првпат се оженил на 15 години, а за време на првиот брак ја запознал втората сопруга. Во 1957 година го издадал својот прв хит „Whole Lotta Shakin' Goin' On“, по што следел „Great Balls of Fire,“ за една година подоцна, неговиот успех да биде запрен кога било откриено дека се оженил со својата 13-годишна братучетка. Овој скандал влијаел и на неговата кариера, по што, неколку години подоцна, и неговиот издавач се откажува од него.

Сепак, Луис продолжува да свири и издава неколку високо ценети албуми во следните децении.

Во октомври годинава, Луис беше примен во Куќата на славните во кантри музиката.

ОкоБоли главаВицФото