Популарна механика

26.01.2023 12:32

Огромните инженерски проблеми
на кои ќе наидеш во обидот да се распнеш на крст
без помошници, без чекреци и запчаници
и други прирачни механички средства –

во мала, празна, бела соба,
на една столица со разнишани ногари
за да се поткачиш во висина на таванот –
со само еден чевел за да ги заковаш клиновите.

Да не спомнувам дека треба да си гол во случајот –
за да ти се види секое ребро и секој мускул.
Левата рака веќе ти е закована,
и само десната ти останува да си забришеш пот,

да посегнеш по догорче
во преполниот пепелник,
кое секако не ќе можеш да го запалиш –
а доаѓа ноќта, пријатната ноќ.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото