(Дрвјата уште цветаат крај распаднатите куќи...)

23.02.2023 12:12

Дрвјата уште цветаат крај распаднатите куќи—

и водата крај кејот е розово-сина
и бранот што се витка го крши небото во себе
и густата искра на небесното теме
фрла поглед кон залутан тркач некој
по ова ладно но сончево време.

Така си вика секој еден денов денес
ладен но топол
ко да дошла пролет без да сака,
пролет гушната од ветер пролет пред подадена рака.
А тој ветер граби сѐ пред себе
тркачот на кеј го ништи
бурата во бранот ја мати
пред неговите прсти и преломот молчи
истуткан ко изладен гнев

само една воздишка се слуша низ јасниот ден—

сите чекаат потопло време.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото