Psithurism (1)

08.05.2023 09:46
Psithurism (1)

 

Psithurism

или радувањето на брезовото frondescence,

цапајќи по ombrophilous тревишта,

обидувајќи да надушам petrichor,

ловејќи ги ретките мигови на apricity


Априлот дојде и пројде, а јас не пишав ништо, затоа сега во два наставци (првиот склепан и на денот на македонскиот, па затоа и у patois, пошо секој јазик шо држи до себе мора да го има), за да покриеме некои од дешавките лични и природните феномени, општествените можда само на минување.

Првиот и последниот латинизам ми се поише одомашнети од другите три, оти шумолењето на лисја, било ситни или крупни, како и хујот и крцкањето на малешеските борови, било на развигор или појако ветре, ми се на репертоарот од примордијални жизнехранителни звуци, а и човештвово го заприметило нивното благоугодно влијание и стручно ги нарекло пситуризам; априсити-то е ловењето сонце, особено благопријатно на студени места и во студени и свежи годишни времиња, па и налето, иако џупрење на плажа и „сонцебањање“ не поднесувам, и онака apricity е дефинирано како basking in the sun, а bask е па најчесто преведено како уживање, а за сончањето на плажа, по првите пет минути, и по првите педесет други разгаќени јадници полегани наоколу што мораат да „уживаат“ спружени на песок (бљак) или камчиња (поподносливо), а и на пластика у задње време, зашто се на годишен одмор и треба да се ќумуросаат ко за доказ, е благ подвид на инквизициските тортури, бар за мене.

Другите три латинизми значат, по ред, меѓу првиот и последниот од погоре: вториот значи „разлистување“, а за мене она на буките е некако епско, со супер ситни светлозелени ливчиња, ко да се прскани со airbrush (старински предкомпјутерски алат на стрипаџии, графички дизајнери, па и уметници) оти и онака буковските лисје остануваат ситни увек, а и колку повисоко на гората е буката, а они растат највисоко, толку покусо е времетраењето на фрондесенс-от.

Tретиот значи дождељубив, обично користен за прашумски растенија, ама фино легнува и за бероските тревуљаци змијарници (рептилите се разбудени од зимскиот сон, ако уше нема многу сонце) кајшо не е искосено, а напуштената градина, нива или ливада уште не станала ушумена од багреми и друго џбуње, отровно зелени и надколенични житослични треви, под влијание на редовниот дожд, кој шо ипак не е пороен, туку баш таков благоугоден за омброфилното зеленило. А пак кога е наместа тазе разорано, и покрај поплаките дека земјата „по полèто“ е толку нацицана, тешка и каљава шо не може да се раскопа за садење компир (оние кошер компиросадачите на гората по стрмни поранешни папратишта изглеа немаат такви проблеми) те запахнува богатиот хумусен мирис на црна мајка земља, малце поинаков од оној шумскиот на децениски скапани лисје иако и него го има во трагови, а за кој ја користам последната од трите латинистички кованици во средината, иако првично и релативно скоро склепана за оној новелистички описен мирис на сувата прашињава земја по летен пороен дожд.



Значи премотуеме до последната недела у април, коа морав да го испуштам пазарниот ден, а пошо на Ристо Варџијата му бев порачала не чери туку плам патлиџанчиња и рукола и некои други дрндупки, на Гока ѝ остаив пари да му плати и да ги земе, а он ги нејќел парите, него само ѝ ја увалил робата и ѝ рекол дека ја ќе сум му платела следниот четврток, па затоа му купив вчера (у следниот четврток) вреќичка млад грашок и сношти ја сољупив цела ко тераписко средство за подзалекуење на долгата изложеност на хејт-мајл кампања у целото тоа расчекоруење и реорганизирање на рестово од живеачката, шо и не е толку многу, без оглед шо се измотавам дека сум средовечна, ама не сум на полпат од мојот живот земен, ко шо би рекол Данте, него малце понатака и крајот полека и безобразно ми мафта со ручињата од сепак сè уште издистанцираниот хоризонт на покојот. У секој случај, задоволна сум со изградениот однос со Ристо, а тука е и Перо од Дрвош, и уше неколку други, со кои сме постигнале такво ниво на доверба во трансакциите. Пазар у моето искуство е едно од посјајните места за меѓуљудска размена, а у моментов ми ја шие у поим и голем дел од таа поприватната, ама знам дека не мислат сите така него увек се осеќаат измамени – потпоента шо сакам да ми се провлекуе у дводелново дрфкање е колку самите ние си ја информириуеме и повлијајуеме перцепцијата, наспроти „реалните“ атрибути на стварноста, можда зашто наспроти преовладувачкиот вукојебинашки, свеукурачки тренд, коа искачам надвор, барам разлози да се искубам од депре, а не да се доувалам.

И така, уше у вторникот пред пазарниот четврток адвокат М ми пишал мејл дека треба на пазарен ден да доам у Скопје на рочиште, а ја тоа тек у среда го видов и некако ептен ми го накрши распоредот. Важно по втор пат за џабе требаше да се натопорам у оној ружнион суд, фасадиран со травертин у џигер боја, евтина внатрешност и неопрани џамови, и тоа рано сабајле, па така не можев да патуем со комбето шо го вози татко му на Бовјачето, него морав со Андон, кој иде порано.



И малкуте саати спање со мучење ми беа доста, свршив некои домаќински задачи коа станав у три саат, се отуширав, облеков, го прошетав и промочав Бенот за да издржи дома сам до поручек, и добро беше, оти не беа црни темници ко коа идам у Скопјето у зима, туку разосветлено утро, со сонценце шо се мучеше низ облаците, а кога е ниско на изгрев или залез, тоа знае да биде впечатливо, дуваше онаков посилен развигорец и тазе (конечно, конечно...) разлистаните брези до прозор онака росијски шумолеа пситуризам, а негде горе во крошната во образување на едната се гласеше и ѕвингалка, мирисаше на дожд, штотуку поминат, ваљда озонот, а Бенот симпатично шљапкуцкаше по барички оти ми помина оној пост-груминг периодот коа пред поише од месец го средија у Скопје ко за на изложба и сега го пуштам да се каља, ваља и брца по Брегалница.

И така, за малце ќе закаснев на аутобус, уствари комбе шо те носи до с. Смојмирово, каде шо те чека аутобусот тргнат од Пехчево, кајшо му е фирмата на Андон, ама комбево овој пут ситнуљаво, и ко да се смрачија коа ипак се појавив после само минута каснење. Оти комбенцето више беше пуно, па го скорнаа еден висок дечко за ја ко тета да седнам на седиштето со кинески димензии и коешо го препунив и вака ослабена. Дечкото го пратија позади у тесниот гепек-дел кајшо мораше да седи на патос одма до мојот празен куфер, кој сесре ме замоли да ѝ го вратам, а ја не ја одбив пошо ми се виде некако метафорично да стасам у суд (право од автобуска) со празен куфер на тркалца, иако ме заеба адвокатот коа ги замоли чуварите до она аеродромсконо чудо за скенирање оружје на влез у суд да ми го причуваат, иако нас лично никој не нè скенираше, значи, калашњиков можда не, ама пиштољчуга секако можев да унесам. Мојот адвокат, ваљда за да не се срами дека има уште една лујка за клиент, оти после на кафе ми кажа дека имал време да го испие со мене зашо наредниот случај му е откажан бидејќи клиентот му завршил у Бардовци, шо било среќа зашо биле договорени клиентов само пола сумата да му ја плати со пари, а другото у натура, односно да му го искречи станот, а у ова ново светло ваквото наплатување на услуга од лујка со тапија би можело да има и елементи на загроза на безбедноста и здравјето на нашиот заеднички правен застапник, кој пак, нели, следствено ме натера куферот да го оставам под скали карши чуварите, со мојот лаптоп напикан унутре, земен со мене по пут пошо увек преведуем по аутобуси. Ама прво да стасаме до аутобусот.



По пут до Смојмирово собираме уше луѓе низ Берово, уше едното мушко, средно старо, цвикераш, го напикаа у гепек со младичот, иако обилно мрчеше, а уше три жени, што одат на работа у Виница, ги сместија у скут, главно кај други работнички, ја спасив г‘с, пардон скут, важно 15 патници се возевме у комбе за максимум 10 сосе шоферот, среќа рано наутро и на куса релација, тоа за сопственикот и полицијата, ние патниците сеа да не ја праиме голема за една 900 денари повратна карта до Скопјето, или уше помалце до Виница за радничка класа, тоа не покрива и осигурање против вакви индискивоз-недостојанствени ситуации, а искрено, не се ни секирам дека на превозникот ќе му навлечам џандари на врат, коа работава е дајштадаш, нема некоја јака конкуренција, а следствено ни „суштестаствена“ контрола на сообраќајот, казните се само извор на буџетски приходи за опстанок, а заебаните, пардон, казнетите, се онака рендомски, без некоја друга поента. Важно патувањево да има.

У Смојмирово на Окта бензинска се укрцуеме у аутобус, и за да ми ја допотпунат атмосферата, не баш на најпрвите седишта, сите искинати по ќушињата, а од дупките ѕирка иск‘саниот жут сунѓер, ама тука некаде на припрвите, седи цела фамилија чиишто црти на лице откриваат не само сродство и сличност, туку и неколку различни степени на ментална попреченост, собрани од негде у пехчевско. Сеа е више скроз облачно и прска ситен непријатно боцкав дождец и све го добива оној грлостегачки тужен и прљав изглед (ова коа и климатските прилики потпридонесуат кон перцпецијата, на таа, де, стварноста). Ја седнуем на местото шо има нешо ко пултче испред, за да фукнам лаптопот, одма зад средниот излаз до клозетот шо престанал да се употребуе уше у Франција од кајшo бил купен аутобусов на старо, ја така закључуем оти по џамоите со големи слова пишуе issue de secours. Којзнае од кога е и низ колку раце поминал, оти, иако на џамот до мене у долниот агол има налепница од КОМИТИ 1989, со бројките поделени со крст, нешо слично ко четирите „с“ од српскиот архаичен акроним од грбот на сега толку неумесно звучечкото „само слога Србина спашава“, ипак налепницата е доста нова, не од 89, што не би можело да се каже за водата што прокиснала низ вакуумот на дуплиот џам и веќе фатила онакво жабокречинасто зелено и покрај тоа шо се таласа ко у оние украсни wave motion machines секоаш коа аутобусот нагло ќе закочи, а во горната половина на џамот веќе испарила оставајќи кречав непрозирен филм, видно намалувајќи ми го видното поле. Шуќур бар до мене не допира оној жабокречинаст мирис кој дефинитивно не потпаѓа под благопријатноста и полезноста на petrichor.



Пред мене озгора врз дисфункционалниот ќенеф се ставени три-четири евтини пластични хоклици наденати една у друга у прелазни нијанси од плаво до сиво, потпукнати или со поткршени пречки и прљавки, со измрсени црни чкртки шо ги оставаат гумењавите или пластични ѓонови, и мојата демек литерарна прозо-клепачка (не можам да се натерам да ја употребам вообичаената придавка „стихоклепачка“ у иста реченица со „мојата“) имагинација одма си ги замисли г‘зоите и нивните сопственици (од лесна категорија, оти потешки сигурно би ги пукнале и паднале) шо седеле на нив коа и бусов бил набубецан со раја вон сите прописи, ко ние сабајлето у чајнизспејсстандардс комбето.

Оk, Skopje here we come, хир ви кам, ама како? Цвикерашот од гепек седна зад мене, и откако изеде ќесе чипс и испи шише кока-кола со голема брзина и сите пропратни звучни ефекти, реши босанчероската екс-ју или пост-екс-ју тралалајка шо завијаше од пуцкетавото бус радио ко беден баштиник на севдалинките за некакви „ќускии што паѓаат“ да ја надопуни со она класичното ц-ц-ц или чк-чк-чк, слично на грчко/турскиот негациски мутав експлетив, ама ова беше она другоно, ко коа некој има шупљи зуб или такво нешо и постпрандијално покушава да извлече трошка од изеденото со јазик. Страшно ме нервираше по тоа кривините после Обозна, чак ме потсети и коа бев трудна у Енглеската и све ме иритираше кај рајата шо се храни или упражањава каква било друга звучна активност у воз или метро, до степен да ми развие агресивни импулси, па ко ќе го признаев ова, колегите Енглези на работа ме заебаваа дека свегде трудници цмиздрат само балканските хормоните ги тераат на кољажа.



Шуќур стигнавме у кочанско и се зазјапав низ стеснетото џамчуле со поглед на стварноста у оризовите полиња, половината више поплавени, иако уше без штркови, па се запрашав како ли мирисаат, од дете имам само визуелно искуство за нив. А април и мај се времето коа и јадното Овче Поле изгледа привлачно, пчениците, луцерката, шо и да е друго насаденото, сè уште живахно зелени, „а бе, Прованса“ ко шо пред децении искоментира една ептен скопска цура идна архитектка коа се возевме у истото годишно време накај Штип за да му ја разглеаме црквата на Дамјанов у Ново Село, иако не знам зашо, ја не сум ја замишљала Прованса таква зелена, не сум била, поише ги владеам Дордоња и Медок околу Бордо.

И у Скопје дојдовме, каде што судницата беше непријатен нон-евент, пошо другата страна отсуствуваше, пред кој и после кој настан ја све пешанката го искотрљав и пунев празниот куфер, почнувајќи од автобуска, прво со роденденски поклон за Бари од стариот гушкан трговски, па со таљанска бурата од дуќанот на Максим Горки и други турли зеленчуци и зелени травки (herbs) и јагоди од Буњаковец, четврток мора да биде пазарен ден јебига, па све до Козле кај сесре, којашо коа виде шо сум напраила, ми дозволи да си го вратам куферот пун у Берово.

Ете, сепак ги изодев и истандркав со куфер скопските сокаци, при што дознав и дека и Каирска од моето детство е сеа прекрстена во Генерал Михајло Апостолски (уште не бев ја читала Оливера), поминувајќи ги посакуваните десет илјади чекори за здравје, или толку негде, не носам апликации на руче за да ми ги бројат. На враќање малце го почекав бусот карши хотел Карпуш кајшо требаше да ме собере оти тоа скапаницата се укварила па шоферот ми се јави да ме извести „оти са дефек“, ама иако врнежливи, деновите напролет се подолги, и ко се вратив у Беровце уше б‘скаше с‘нценце, а и аутобуската шкљопоција на таквата клима ми се виде помалце јадна, некако ко скроз другачија, па имаше време и со Бен да напраиме крукче околу разроморената, ама сè уште бистра, од врнежите незаматена, Брегалница, пред сос рачија да му туриме точка на денот.

PS Полнава месечина, ако далечна, ко рефлектор ми шљашти кроз џам у спална.

Музичка илустрација: Talk Talk Life’s What You Make It

Слики: John Burningham - SEASONS (1987)

Слични содржини

Книжевност / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото