Пристапна патека за лицата со посебни потреби

23.06.2023 13:53
Пристапна кривулеста патека за лицата со посебни потреби

Со стрмни угорнини , карпести превои и гранки кои стрчат од земјата, патеките за пешачење и планинарење не се секогаш употребливи за лицата со посебни потреби.

 

Имајќи ја на ум оваа бариера, Данската архитектонска фирма EFFEKT го дизајнираше својот најнов проект, на тој начин што изгради кривулеста патека со постепен наклон што го проширува пристапот до впечатливите погледи на врвот во норвешкиот регион Фajeрсдал.

Лоцирана во рекреативниот парк Хамарен, боровата патека полека се пробива на 15 метри низ езерската шума пред да стигне до циркуларниот поглед. Конструкцијата, изградена во соработка со локалниот конструктор Инге Аамлид, се протега на околу два метри широчина и должина од еден километар додека ги води посетителите по угорнините на бујниот рид Клокархамарен, кој достигнува 338 метри на својот врв.

Како што патеката се издолжува, така структурните столбови ги потенцираат високите, цврсти дрвја на шумата, како да ѝ даваат знак на негодување на околината и традицијата на регионот на сеча на борови дрвја. 

 

Извор:https://www.thisiscolossal.com/