Панел дискусија на ИMA: „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“

28.06.2023 16:32
Панел дискусија на ИMA: „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“

Утре (29.06.2023), во Хотел Сити Парк во Скопје, Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел-дискусија на тема: „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“

Панелисти на оваа дискусија се Драгана Дрндаревска (Коалиција Маргини), Кире Василев, (Дијалог – Центар за делиберативна демократија), Давид Тасевски (Скопски квир центар), Вики Младенова (докторантка на меѓународни студии на Универзитетот за ориенталистика во Неапол) и Жарко Трајаноски (раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА).

Модератор на настанот е Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите е предвидена и дискусија со учесниците и присутните на настанот.

Извор: https://smk.mk/

ОкоБоли главаВицФото