Фернанд Леже како костимограф

05.07.2023 09:35
Фернанд Леже како костимограф

Фернанд Леже (4-ти февруари, 1881 – 7-ми август 1955) бил француски сликар, скулптор и филмски режисер, најпознат по своите кубистички слики и скулптури. Кај неговите рани дела може да се види дека овој уметник е креатор на една лична форма на кубизам (познат како „тубизам“) кој постепено го модифицирал во пофигуративен, популистички стил. Неговиот смело поедноставен третман на темата на модерноста предизвикал тој да се смета за предвесник на поп-артот.

Сцена од балетот Создавањето на светот, 1923 година

Но, покрај тоа, во периодот помеѓу 1920 и 1925 година, Леже креирал серија костими и сценографии за Шведскиот Балет. Создаден во Париз од Ролф де Маре (шведски уметнички колекционер, ентузијаст за танц, индустријалист), Шведскиот Балет е конкурент на Рускиот Балет, кој во денешно време е многу попознат. Сепак, тие биле главни танчери во повоената авангардна уметничка сцена и постигнале успех преку водството на кореографот Жан Берлин и секако, нивниот капацитет да спојат различни полиња на уметноста: танц, поезија, музика, сценографија, костимографија итн.

Создавањето на светот, 1923 година

Шведскиот Балет се обидувал да ја прошири дефиницијата за балет, користејќи некои од најголемите уметници на нивното време. Да наведеме неколку: композиторите Клод Дебиси, Жермен Тајлефер, Ерик Сати, Артур Хонегер, Кол Портер, поетите Блез Сендрар, Пол Клодел и Жан Кокто, режисерот Рене Клер, сликарите Џорџо Де Кирико, Стоун Бонард, Фуџиа Франсис, и се разбира, Фернанд Леже.

 Лизгалиште, 1922 година

Лизгалиште, 1922 година

Лизгалиште, 1922 година

Лизгалиште, 1922 година

Лизгалиште, 1922 година

Создавањето на светот, 1923

Проект на сценографија за балетот Создавањето на светот, 1923

Извор: https://www.cerclemagazine.com/

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото