Разиграните шапки на Маор Зебар

20.07.2023 09:56
Разиграните шапки Маор Зебар

Маор Зeбар е моден дизајнер, милинар, кој со изработка на шапки се занимава повеќе од 10 години. Овој дизајнер е вистински специјалист во уметноста на милинарството и неговата експертиза и изработка се врвни.
Делата на Зeбар се инспирирани од секојдневната сценографија.

Диорамите што тој ги создава претставуваат еден вид бегство, се појавуваат како контраст на понекогаш тешката животна реалност во која разиграните креации внесуваат магија.

Креациите на Маор Зeбар ширум светот ги носат драг кралиците, модните ентузијасти, учесниците на манифестацијата „Burning Man", обожавателите на „рејв” забави и многу други различни типови на луѓе и колоритни прилики.

Уметничкото дело на Зебар не подразбира исклучиво изработка на шапки. Тој дизајнирал неколку костими за победничката на Евровизија во 2018 година, Нета Барзилаи и нејзините танчери. Еден од нив е иконичното розово кимоно на Нета.

Маор, исто така, реализирал различни соработки и кампањи, ги изложувал своите дела во музеи, а соработува и со некои опери и театри низ светот креирајќи сценски костими.

Извор: https://www.boredpanda.com/