1013 hPa
69 %
25 °C
Скопје - Пон, 20.05.2024 14:49
Инспирирани од еден прилично необичен и неконвенционален извор, членовите на берлинскиот уметнички колектив Raubdruckerin изработуваат маици и торби со дезени директно пресликани од капаците на шахите. Нивните геометриски форми и типографија кои ретко кој ги забележува, се покажале како необично погодни графички материјали за печатење на облека и торби.
Уметниците од овој колектив нанесуваат боја директно на шахтите и потоа врз нив ја нанесуваат маицата или торбата правејќи отпечаток, а локациите на кои досега печателе се Амстердам, Лисабон и Париз.
Нивната необично дизајнирана облека може да се набави во онлајн продавница.
Извор: Quipsologies