Изложба на мода и дизајн „Slowscapes“

16.12.2019 13:55
Изложба изложба на мода и дизајн „Slowscapes“

Третото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes“ ќе се оддржи од 17 до 21 декември. Официјалното отворање ќе се одржи во вторник (17 декември) во 18 часот. Галеријата Акантус e домаќин по втор пат и во соработка со Драган Христов од модната етикета „Лудус“, како куратор, ќе прикажат пресек на македонската модна сцена што го застапува движењето slow fashion. Ќе бидат селектирани колекции и производи од локални дизајнери кои работат наспроти ритмовите на забрзаната мода и пропагираат квалитетен производ и одговорно конзумерство.

„Slow fashion“ e алтернатива на брзата мода и се заснова на принципи како добар квалитет, чиста средина и фер однос кон клиентите и работниците.

„Посетете нè за да ги запознаете овогодишните учесници и нивните совесни работни практики, како и колекциите што ќе ги понудат на SLOWSCAPES 3. Искористете го настанов како поинакво празнично шопинг искуство. Поддржете ги локалните дизајнери!“, велат организаторите на овој настан.

Учествуваат: Арма, Кактус, Factory Girl, Ludus, Јована Филиповиќ, Марта Пејоска, Петел Паун и Нина Нине.

ОкоБоли главаВицФото