Импровизирани светови во кои можете да се изгубите

07.07.23 12:15

Ори Тор е илустратор и видео аниматор кој живее и работи во Тел Авив. Неговото мото е: никогаш не правете подготвителни скици или прогнози во однос на она што го креирате, секогаш импровизирајте!

Преку психоделични визуелни елементи, Ори Тор ја развива својата практика на користење на случајното и неочекуваното. Иако е попознат по своите анимирани гифови, Toр сега создава халуцинирани слики кои циркулираат помеѓу импровизацијата и фантазијата.

Овој занимлив илустратор работи за неколку клиенти како што се Adobe, Apple и Samsung, а соработува и со Wired Magazine, Maintenant Festival или Anxy Magazine.

Термините gibberish (наслов на една од неговите серии), jibber-jabber или gobbledygook, упатуваат на говор или натпис кој означува нешто што е бесмислено. Но, нема ништо неразбирливо во исклучително деталните уметнички дела на Ори Тор - секако не за него.

Овој илустратор го создава она што тој го опишува како „светови креирани во слободен стил во кои можете да се изгубите“.Тој вели дека работата на ваквиот тип на илустрации може да трае неколку дена, а понекогаш се потребни дури и месеци за да се создадат.

„Понекогаш можам да разберам што ми се врти низ умот во тоа време“, вели тој. „Тоа е налик на анализирање на соништата. Има логика, но таа е многу лична, иако се надевам дека сето тоа е поврзано некако на потсвесно ниво“. 


Секое уметничко дело започнува органски, без размислување за тоа како може да се развие. „Процесот е само отворање нова датотека во Photoshop и започнување со цртање линии“, објаснува тој.

"Јас не правам никакви конструктивни линии. Само цртам. Сето тоа е импровизирано, затоа што на тој начин ми е позабавно. Исто е и со боите. Спонтано истурање со кофата за боја и менување многу нешта, додека не сум задоволен од она што го гледам."


Извор: https://www.cerclemagazine.com/

ОкоБоли главаВицФото