Трансформација на карактери

01.08.23 12:31

Ју Сугавара (1977) е роден во Саитама, Јапонија. Научил графички дизајн и класична техника со маслени бои и темпера во дизајнерско училиштe во Токио. Учествувал на многу национални и меѓународни изложби низ светот. Неговите дела се прикажани во земји како Германија, Холандија, Америка, Јапонија...


„Искушение"

Сликите на Ју Сугувара главно се занимаваат со анализа на трансформацијата на личноста, која уметникот ја комбинира на надреалистички, својствен на него начин, со грациозни форми, играјќи си со споевите на формата и значењето.

Доверба

Тој ја растегнува кожата или го издлабува черепот на своите ликови, правејќи ги чудни, гротескни, духовити, дури и убави. Насловите често се поединечни зборови кои го насочуваат умот кон контекстот на уметничкото дело.

Договор

Овој јапонски уметник создава трансформирани индивидуи, ретро киборзи, истакнувајќи дека ѝ дава морфологија на идеологијата, односно им дава структура и облик на човековите мисли и емоции, како и инкарнација на неговиот дух.

Oзборување

„Суштината на човечкото битие е фантазијата“, вели Ју, кој на сè гледа како на конструкција и креација кои се производ на нашата извонредна способност да сонуваме и создаваме митови. Неговите слики се во основа портрети во метаморфоза кои на иновативен начин ги прикажуваат менталните процеси на неговите ликови (управници, писатели, географи) или некој квалитет на однесување (на пример, довербата, договорот).

Тајна

Токму формата создадена врз основа на прикажаните бои е интуитивно извлечена од збрканиот систем кој тоновите го креираат со промената поврзана со нешто непознато и несознајно.

Управник

За него формата е систем на значења. Го спојува она што е веќе познато и скриено во длабочините со она што сè уште не е откриено во систем кој ќе биде и јасен и прилично брутален во прикажувањето на нашата суштинска состојба. Но, ние му се препуштаме затоа што повикот е неодолив во својата искреност.

Богат човек

Oвој уметник е препознатлив по неговите дела со мотиви на преобразени човечки фигури, но неговите јунаци се всушност олицетворение на човечкиот дух, или продуховени тела. А умот и телото кај него не се спротивставени, напротив, тие се различни манифестации на истите нешта.

Вработен

Кога ги набљудуваме битијата на Ју, нивната суштина лежи во нивната фантазија и концептуалност. Тие се и изразито идеолошки суштества, благодарение на кои е создаден огромен свет на идеи преку моќта на замислување на фикцијата.

Придружничка

Таа моќ претставува способност да се ракува со работи кои не постојат, на начин како да постојат. Размислувањето за тоа како да се преживее, промислувањето за тоа што е светот, контемплирањето за тоа што би требало да бидеме, уредувањето на светот, создавањето нации, па дури и создавањето богови е императивот на творењето на овој уметник.

Роднина

Со неговата способност, луѓето се нурнати во светот на идеи кои самите ги створиле. Веќе е невозможно да се направи разлика помеѓу реалноста и претпоставката, но идејата, која на почетокот требало да биде виртуелна, станала де факто реалност.

Вермеровата девојка

Тој дава форма и ги прави видливи идеите што го опкружуваат човекот, вклучувајќи го и него самиот. Понекогаш тоа делува бизарно, понекогаш гротескно, понекогаш духовито, но секогаш е, што е и една од најважните работи, солидно естетски изградено.

Син на харфата

Ќерка на вагата

Жената на кибордот

Астрономот

Алхемичарот

Географот

Неговата соба

Размислувај за нешто

Осаменоста на предавањето

Пишување

Цитирање

Срамежлива

Таен гласник

Ангелот на трасформацијата

Извор: https://www.bijenalefantastike.rs/

ОкоБоли главаВицФото