Отворање на 11. издание на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“

13.09.2023 13:03
Отворање на 11. издание на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“

Во периодот од 17 до 20 септември во Скопје ќе се одржи 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан.“ Гости на фестивалот ќе бидат петнаесетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко.

Добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, за оваа година е словенечкиот писател Драго Јанчар, на кој ќе му се придружат писателите: Владимир Левчев од Бугарија, Тарик Туфан од Туркије, Даница Вукиќевиќ од Србија, Ренато Баретиќ од Хрватска, Слободан Шијан од Србија и Снежана Младеновска-Анѓелков од С.Македонија.

Творештвото на овие автори ќе биде промовирано на отворањето на 17 септември, во Даут-пашиниот амам од 20 часот.

ПРОГРАМА:
Прв ден 17 септември (недела)
* Свечено отворање – Даут-пашин амам – 20.00 часот.
* Претставување на писателите и нивното дело.
* Со Драго Јанчар, Ренато Баретиќ, Даница Вукичевиќ, Слободан Шијан, Владимир Левчев, Тарик Туфан и Снежана Младеновска Анѓелков ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски

Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 10. програма Скопје фелоушип, која годинава е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“. Се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк.

ОкоБоли главаВицФото