„Сребреење”

20.10.23 00:40

Анимираниот краток филм „Сребреење” (Silvering) почнува на тој начин што нè воведува во интимниот простор на нечија бања во која гледаме како гори свеќа и слушаме како брмчи радио, додека една жена си ги бричи нозете. Сцената е поставена така да се прикаже амбиент на ноќна грижа за себе. Жената излегува од водата, го отвора прозорецот, поминува покрај алиштата кои лежат на карираниот под. Потоа следува мигот во кој мирот ќе биде нарушен од едно побелено влакно. Испитувајќи ја својата фигура од потколеницата до градите, па сè до стапалата, барајќи знаци на стареење, таа се стопува во спиралата на самопрегледот. Наскоро, постапката добива пресврт кон надреалното, додека косата животливо танцува лизгајќи се наоколу, за на крај да ѝ ги врзе рацете и да ѝ го обвие телото.

Преку својата претстава за вознемиреноста од стареењето, шкотската режисерка Ејлид Никол ја потенцира посебноста на интимноста да се биде сам во бањата со сопственото тело преку едноставна, стилска палета на бои со отсуство на говор. Наместо говор, таа ги исцртува суптилните изрази на нејзиниот лик за внимателно да ја исткае приказната, како што деликатната музика и дизајнот на звукот евоцираат дисонанца што може да го придружува искуството на соочување со сопствениот одраз. Резултатот е срдечно и нежно хумористично дело кое напати ја зголемува непријатната реалност на постоењето во тело кое постојано се менува.

Извор: https://psyche.co/

Слични содржини

Живот / Филм / Око
Книжевност / Уметност / Филм / Око
Филм / Око
Уметност / Филм / Око
Мода / Фотографија / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото