Фотомикрографија 2023

09.11.23 13:58

Еден од пет луѓе со дијабетес страда и од ретинопатија, болест која предизвикува губење на видот и слепило. Проблемите се јавуваат кога високиот шеќер во крвта предизвикува отекување и истекување на клетките, оштетувајќи ја мрежницата. Бидејќи симптомите не се секогаш забележливи во раните фази, голем број луѓе не се дијагностицираат додека состојбата не почне да напредува.

Прво место: Хасанаин Камбари и Џејден Диксон

Главата на оптичкиот нерв на глодар покажува астроцити (жолта), контрактилни протеини (црвена) и ретинална васкулатура (зелена)

Истражувачите како Хасанаин Камбари и Џејден Диксон работат на визуелизирање на првичните знаци на ретинопатија за да помогнат во нејзиното рано откривање. Со оваа фотографија која зрачи со интензивен колорит, и која стана победничка на натпреварот Nikon Small World Photomicrography за 2023 година, тоа и го постигнаа. 

Второ место: Оли Билфелд

Стапче кибрит запалено со триење од површината на кутијата

На позадината се протега мрежа од црвени и жолти влакна како ѕвездено бликнување, што ја зголемува сложеноста на оптичкиот нерв на глодарот и нуди увид во неговата функција.

Трето место: Лисовска

Клетки на рак на дојка

„Визуелниот систем е комплексен и високо специјализиран орган, со дури и релативно мали нарушувања на ретиналната циркулација, способни да предизвикаат катастрофално губење на видот“, вели Камбари. „Учествував на натпреварот како начин да ја покажам комплексноста на микроциркулацијата на мрежницата”.

Четврто место: Џон-Оливер Дум

Отровни заби на мала тарантула

Другите пријави на натпреварот кој се одржува веќе 49 години вклучуваат отровни заби на тарантула, желатинеста лигава мувла и полен на шилест сончоглед заглавен на игла за акупунктура.

Петто место: д-р Дејвид Мејтланд

Автофлуоресцентни одбранбени влакна кои ја покриваат лисната површина на Elaeagnus angustifolia изложени на УВ светлина

Натпреварот во 2023 година собра речиси 1.900 пријави од 72 земји, а сите победници можат да се видат на веб-страницата на Nikon. Исто така, вреди да се ѕирне во видео сегментот од овогодинешниот натпревар, кој вклучува впечатливи снимки од невроните кои се формираат во ембрионот.


Шесто место: Тимоти Бумер
Мувла од лиги (Comatricha nigra) што покажува капилицијални влакна низ проѕирен перидиум

Седмо место: д-р Григориј Тимин

Ембрион од глушец

Осмо место: Стефан Еберхард

Кристали на кофеин

Деветто место: Ваибхав Дешмух
Цитоскелет на делбена миобласт; тубулин (цијан), Ф-актин (портокалова) и јадро (магента)

 

Десетто место: Мелинда Бекари и д-р Дон В. Кливленд

Моторни неврони одгледувани во микрофлуиден уред за одвојување на клеточни тела (горе) и аксони (долу). Зелена - микротубули; Црвено - конуси за раст (актин).

11-то место: д-р Диего Гарсија
Кристализиран шеќерен сируп

12-то место: Шериф Абдала Ахмед

Оса на цвет

13-то место: Сату Павонсало

Крвни и лимфни васкулатури во кожата на увото на возрасен глушец

14-то место: Џон-Оливер Дум
Полен од сончоглед на игла за акупунктура
15-то место: д-р Пичаја Лертвилаи
Флуоресцентна слика на Acropora sp. која прикажува поединечни полипи со симбиотски зооксантели

16-то место: д-р Диего Гарсија
Јаглеродни наноцевки


17-то место: Јуан Џи
Крилја на кинески месечински молец (Actias ningpoana)

 

18-то место: Скот Петерсон
Криптокристален микрометеорит што лежи на сито за тестирање

19-то место: Марек Миш
Стомата во епидермисот на лист на мирен крин (Spathiphyllum sp.)



20-то место: Даниел Кастранова и д-р Брант М. Вајнштајн
Глава на возрасна трансгенична зебра риба на која се прикажани крвни садови (сина), лимфни садови (жолта) и кожа и лушпи (магента)

Извор: https://www.nikonsmallworld.com

Слични содржини

Фотографија / Наука / Око / Историја
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Наука / Око
Јавни простори / Фотографија / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Психологија / Око

ОкоБоли главаВицФото