Боли глава

Идиотизмот на ДПМНЕ не е само заразен, туку е и задолжителен!

Главниот Идиот вели: Не ги разбирам студентите зошто протестираат! И, веднаш потоа се јавува хорот:
Адеми изјави дека и тој не разбирал.
Судиите не разбирале зошто се протестира пред Апелација.
Сега и министерот за надворешни се изјасни, дека ни тој не разбирал зошто протестираат новинарите.
Во очекување сме овој опасен вирус кој на веќе глуп, те дооглупува да се претвори прво во епидемија, па потоа и во општа пандемија.
Имуни се само оние кои разбираат или се обидуваат да разберат!
Ивор Мицковски, Фејсбук, 21.01.15.

нема
22.01 2015
Ги осудуваме протестите против судските одлуки

Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска инстанца и непримерно е да се попречува работата на судовите и притоа да се користи улична демократија за промена на одлуки која и тие кои протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институционалното и во судска инстанца преиспитување на судската одлука.

Здружението на судии на Република Македонија апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите и судските одлуки особено што ова не е прв пат, а Здружението веќе има реагирано на непримерните протести и вокабуларот на омраза што се шири на протестите.

Соопштение на Здружението на судии потпишано од претседателот Николчо Николовски; НоваТВ, 20.01.2015.

нема
21.01 2015
Шарли и Чарли

Читам, куририве мене, Тричко и Боки Бургија не’ споредиле со исламски терористи, со што нивниот Грујо добива статус на Шарли. Да им објаснам две работи. Прво, зборот Шарли не е скратеница од шарлатан, туку има друго значење. И второ, курац Грујо е Шарли - Грујо е Чарли. Тоа го знаат сите у маало...
Бранко Героски, Фејсбук, 16.01.15.

нема
20.01 2015
Се знае каква улога има жената

Традицијата си го кажа своето, како треба тоа да се направи, кој треба да го прави. Во Светата црква се знае кој е глава на семејството, кој го „носи крстот“ и каква улога има жената.

Никола Георгиев, свештеник во брегалничката епархија, објаснува зошто жените не смеат да скокаат по крстот; МКД.мк, 18.01.2015.

нема
19.01 2015
Со Скопје 2014 се штедат пари

Бенефитите од реализацијата на Скопје 2014 се повеќекратни и веќе видливи преку зголемениот број на странски туристи, заштеда на државата од по милиони евра кои досега одеа за кирии на институциите, стимулација на градежниот сектор, а да не заборавиме дека се унапредија состојбите за остварување на културата во нашата земја и условите за работа на уметничкиот кадар.

Реакција на Министерството за култура на прес на СДСМ, 17.01.2015.

нема
18.01 2015
Маска?!?!

По Скопје кучиња и мачиња шетаат па затоа прво нека ги соберат мачињата и кучињата таму, наместо да се грижат за некое куче мртво што го зеле василичарите. Јас се оградувам лично од маската, но не можам да се оградам од тоа дека карневалот од секогаш употребувал животни.
Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани, реагира на критиките за наденатото куче на карневалот во неговиот град; Нова.ТВ, 16.01.15.

нема
17.01 2015
Една клетва и анатема

ЕДНА КЛЕТВА и АНАТЕМА (од мене лично)
ПРОКЛЕТИ СУДИИ!!!!
Проклети судии на Кежаровски и останато без'рбетно црвје! Гнаси извалкани и гадотии смрдени! Имињата ќе ви се испишат на црната страница на вечната темница од историјата на злото! Да Бог даде, да ви се сотре семката, за да не може да се репродуцира тоа клето ваше демонско семе во наредните генерации. Иднината на Македонија е во чистењето од ваквите како вас. И вие, исто како и ние, ЌЕ ИЗГНИЕТЕ 2 метра под земја, но во најголем срам и чемер!!! Ќе замижете со милион килограми олово што ќе демнат во вечноста над вашите смрдени души. Да Бог даде да не заспиете додека сте живи. АМЕН!!!!!!!!
Мимоза Ристова, Фејсбук, 16.01.15.

нема
16.01 2015
Што е политичка хипокризија

Што е политичка хипокризија?
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Андон Чибишев, во реплика на пратеничка (27.08.2014):
"...на почетокот на мојата реплика прво би сакал да ја замолам погрдно да не се обраќа на моите пациенти, да не ги нарекува наркомани, затоа што тие не се наркомани, тие се зависници од опојни дроги."
А месец дена претходно неговата партија го гласа Законот за прекршоци (во прво читање) во кој на десет места се употребува погрдниот збор "наркомани"!
Да не заборавам. И д-р Чибишев гласа ЗА законот во кој неговите пациенти се нарекуваат погрдно "наркомани".
Жарко Трајаноски, Фејсбук, 16.01.15.

нема
16.01 2015
Мене ми зборувате?!

Мене ми зборувате дека ние, професорите, студентите и сите слободни и слободномислечки луѓе во мојата држава (кои фала Богу, ги има сé повеќе) сме продолжена рака на партиската опозиција и на странските разузнавачки служби? Вие, кои државата која ја претворивте во партија, а партијата во држава, сосе Парламентот, судовите и медиумите? Вие, кои го нападнавте мојот роден град деформирајќи го до карикатуралност согласно вашата партиска историја? За која странска разузнавачка служба работите вие, со тоа што упорно и вулгарно ја оддалечувате мојата земја од Европа и европските вредности?
Гордана Попсимонова; Окно / Фејсбук, 10.01.15.

нема
15.01 2015
Законов е семтекс за високото образование!

Луѓе, закониве за високо образование се како да ги пишувале дрогирани ашашини, а овие ги носат како да им ветиле девици. Законов е семтекс за високото образование!
Огнен Чемерски; Фејсбук, 13.01.15.

нема
14.01 2015
Дали е конфликт на интереси ако градителите на СК 2014 во својство на штитеници на КПД Идризово бидат ангажирани во неговото рушење?

Ljubomir Sopovski Ми треба совет од поискусен. Имам дилема: дали е конфликт на интереси ако градителите на СК 2014 во својство на штитеници на КПД Идризово бидат ангажирани во неговото рушење?

Branko Trickovski Тоа е таканаречен конструктивен конфликт кој на штитеникот му овозможува посебен интензитет на страдањето!

Ljubomir Sopovski Е сега ми олесни. Инаку, идејата не е моја, туку на Ivan Spirovski, само дилемата е моја. Оригиналниот проект е Музејот на ВМРО да се пренамени во затвор и секое сабајле “градителите“, секој со својата кугла да со водат пешки до Капијата на македонските порази. Таму со мали ченканчиња да ја рушат, едно 20 години. Немам направено бизнис план, ама сигурен сум дека од туризам може добро да се заработи. Ги замислувам Јапанчињата со апаратчињата...
Фејсбук дијалог за СК014; 13.01.15.

нема
13.01 2015
Македонија како сув леб

Нема крај на ароганцијата на власта која ја троши Македонија како сув леб.
Владимир Милчин, Фејсбук, 12.01.15.

нема
13.01 2015
„Шарли“ не беше „соросоидизиран“

Во „Шарли“ имаше насловна на која пенисот на францускиот претседател Франсоа Оланд вели: „Мојот претседател“. Вулгарно за многу вкусови, знам, но... Поентата е дека „Шарли“ не беше бомбардиран со тужби за душевна болка, не беше спонтано масакриран од „пријателски“ медиуми на Оланд, не беше „соросоидизиран“. Не, напротив. Оланд меѓу првите застана на браникот на слободата на изразување. Амбасадорката, која ги претставува француската држава и францускиот претседател во Македонија, излезе пред новинарите и рече: „И јас сум Шарли.“ А кога загина Никола Младенов, колку за споредба, никој од нашиов државен врв не смогна сила ни една телеграма со сочувство да напише. Има разлика, така?
Сашо Кокаланов; Слободен печат, 10.01.15.

нема
12.01 2015
Најпознатиот универзитет за крв, месо, тероризам и територии - ВМРО!

Да бараш решение од Иванов за Законот за високото образование е како да бараш од Никола Груевски да освои златен медал на Олимписките игри во Рио. Во вежба на греда! На ова ниво притисокот може да се засили ако на враќање од Водно професорскиот пленум поразговара малку со делегатите на АСНОМ, ене ги луѓето ги чекаат во масакрираниот парк на жената или со оснивачите на најпознатиот универзитет за крв, месо, тероризам и територии - ВМРО!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 11.01.15.

нема
12.01 2015

Препорачуваме

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

ОкоБоли главаВицФото