Концерт на „Луфтанза” и промоција на албумот „Далеку од вистинското нешто”

29.03.2024 12:22
Концерт на „Луфтанза” и промоција на албумот „Далеку од вистинското нешто”

Младиот прогресивен бенд „Луфтанза” на 30 март, сабота, во „Станица 26” ќе го одржи свој прв самостоен концерт, каде ќе го промовира и најновиот албум „Далеку од вистинското нешто“, прв за независниот лабел „Мртов коњ”.

Гости на настанот ќе бидат „Алембик”, експерименталното дуо составено од Ива Дамјаносвски и Виктор Танасковски. Тие исто како и „Луфтанза“ се дел од растечкиот колектив „Гола Планина“, кој во изминативе години ги здружи младите музички сили и донесе свежина на македонската независна сцена.

На 28 март, официјално беше објавен албумот „Далеку од вистинското нешто“, па, со цел да се одбележи вечерта на неговото пристигнување, бендот направи и слушачка промоција во „Котур”.

ОкоБоли главаВицФото