Концерт на „Светлост” и Глигор Кондовски

08.03.2024 14:26
Концерт на „Светлост” и Глигор Кондовски

Авангардниот виолинист Глигор Кондовски од 2009 година ја гради својата импресивна дискографија, првенствено за „Шарла” и „ПМГ Џез”. Кондовски (кој работи и под псевдонимот earstwhilesound) е музички камелеон, кој со својот придонес во низа различни и разноврсни проекти тивко се гради во еден од најзначајните чинители на современата сцена.

„Светлост” е обредна панк-џез дружина. Од својот деби концерт во „Дуња”, (2017 година) каде го свират материјалот што ќе стане албумот „Џез за работничката класа”, редовно се враќаат во својот духовен дом, каде секогаш презентираат нова, звучно и политички предизвикувачка програма.

Глигор Кондовски [виолина / електроника]
Нинослав Спировски [кларинет / сопран и тенор саксофон]
Кристијан Новковски [тапани]
Дени Омерагиќ [контрабас / електроника]

Влезница: препорачана донација за уметниците
Додека чекате да дојде сабота, можете да ги слушнете на:
pmgjazz.bandcamp.com/album/jazz-to-the-working-class

pmgjazz.bandcamp.com/album/encounter

* Плакатот е дело на Кристијан Новковски.

ОкоБоли главаВицФото