Алексеј Дума награден за борба против корупција

11.03.2011 13:28
Алексеј Дума награден за борба против корупција

По неколкумесечното теренско истражување, спроведено ширум земјата Комисијата за борба против корупцијата, објави дека др. Алексеј Дума од Судска медицина е добитник на Годишната награда за борба против корупцијата.

Според резултатите од истражувањето утврдено е дека Алексеј Дума е единствениот доктор во земјата кој не е корумпиран. Во истражувањето кое опфати репрезентативен примерок од 1100 лекари, специјалисти, и друг здравствен персонал, Дума се покажал како единственото здравствено лице кое никогаш не примило мито. Неговото импресивно конто на некорумпираност беше без конкуренција, така што Комисијата немаше тешка работа во својата одлука кому да ја додели оваа ретко престижна наградам

„Импресивната кариера на доктор Дума се должи на неговата беспрекорна професионална работа и силна посветеност на својата професија. Дума е човек и доктор кој никогаш не дозволил неговата лична чест и честа на неговата професија да бидат доведени во сомнеж и во ова турбулентно транизциско доба. Доктор Дума претставува светол пример за почитание кон завештанието на Хипократ“- се вели во соопштението од комисијата за анти-коррупција.

Побаравме изјава од Дума, но него за жал не успеавме да го добиеме заради презафатеност. Се очекува наградата на доктор Дума да му биде врачена во наредните денови.