Од железничка пруга до шеталиште

07.12.2011 11:56
Од железничка пруга до шеталиште

Еве еден пример од Италија каде што една стара железничка пруга беше претворена во шеталиште. Оваа преобразба се случи на пругата меѓу две местенца на лигурскиот брег, Албисола и Челе Лигура.

Архитектонската канцеларија 3S studio, зад кое се кријат три жени со името Силвија: Дања, Галаси и Мауроне, тргнала од неколку почетни идеи. Основните поставки од кои настана новото шеталиште се јавната и континуирана пешачко-велосипедска зона по целата должина на пругата и воведувањето форми кои би генерирале нови рекреациски, спортски и туристички содржини, проследени со почитување на постоечкото природно опкружување.

Што се однесува до околината, архитектите си зададоа задача да може целиот проект да се отстрани за еден ден, без никакви последици, и користените материјали да имаат што е можно помало влијание на природното опкружување. Проектот поставува и нови јавни зелени површини, како и заживување на постоечките.

Некогашната пруга е наместа проширена со метално-дрвена конструкција која ги стабилизира камењата на кои е поставена, со што се добива доволно простор за различните предвидени содржини. Тунелите низ кои минува пругата останаа отворени и проодни, но структурата која ги потпира и која е вградена во нив, воедно служи и како „носач“ на новиот изложбен простор во кој се преобликувани тунелите. Од клупите и зоните за одмор се пружа незаборавна глетка на лигурскиот брег.

Овој проект беше започнат во 2007 г., а беше отворен за јавноста во јули годинава.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори / Европа
Јавни простори
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Технологија

ОкоБоли главаВицФото