1018 hPa
64 %
19 °C
Скопје - Вто, 30.04.2024 20:59
Сиромашниот службеник храни седум усти. Секој ден тој трча сиот растреперен по парче леб, но тоа му бега, се врти и му се клешти потсмешливо во лицето!
Се викаше Саман.
Еднаш шефот го повика:
- Саман!
Истрча пред него уште пред овој да стигне да го изговори она „н“ од крајот на неговото име.
Другпат шефот го викна:
- Сама!
Истрча пред него уште пред овој да стигне да го изговори она „а“ од крајот на неговото име.
Потоа шефот го викна:
- Сам!
Истрча пред него уште пред овој да стигне да го изговори она „м“ од крајот на неговото име.
Потоа шефот го повика:
- Са!
Истрча пред него уште пред овој да стигне да го изговори она „а“ од крајот на неговото име.
Сега шефот го викна:
- С!
И овој се најде пред него.
И неговото ново име стана С.
А што се однесува до вистинското име – сите му го заборавија.
Извор: Градина (списание за книжевност, уметност и култура)
Илустрација: Мат Рота