Бунар

13.05.2011 10:47
Бунар

Мојот брат Алберто падна во бунарот кога имаше пет години.

Тоа беше една од оние семејни трагедии кои може да ги ублажат само времето и околностите на едно бројно семејство.

Дваесет години потоа мојот брат Елој еден ден вадеше вода од истиот бунар во кој никој немаше ѕирнато уште од тој ден.

Во кофата откри шишенце со порака во него.

„Ова е свет како и секој друг“, пишуваше во пораката.


Луис Родригес Матео Диез (1942) е шпански писател. Автор е на збирки раскази и поезија, романи и драми. Добитник е на неколку шпански книжевни награди, меѓу кои и Наградата за фантастика и Наградата од критиката. Член е на шпанската академија на науките од 2000 година.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Клопец [к:1]
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Мајка [к:1]

ОкоБоли главаВицФото