Јас и јас

03.06.2011 14:23
Јас и јас

Беше тоа нашиот последен заеднички воз. Јас одев накај северот на градот. И јас, исто така.
Забележувајќи дека заинтересирано ме набљудува, му возвратив со ист поглед. Бевме толку близу што помислив дека секој миг ќе се бакнеме, но тресењето на вагонот ни го оневозможи тоа.
Не беше тоа вообичаено нишање. Луѓето го забележуваа тоа, но и јас. И јас, исто така.
Сè додека не се слушна заглушувачкото чкрипење на челикот. Јас паднав во празнина, и возот со кој патувавме ме распарчи. За среќа, јас успеав да се придржам навреме, и да го избегнам тој ужасен пад.

Фабиан Вик (Fabian Vique, р. 1966) е аргентински автор на кратки раскази, т.н. микрофикции. Добитник е на неколку книжевни награди за краток расказ, а неговите раскази се објавувани во антологии и списанија од Аргентина, Шпанија, Мексико, Србија, Мароко и Израел.

Слика: Рене Магрит

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Клопец [к:1]
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Мајка [к:1]

ОкоБоли главаВицФото