Китот ги набљудува луѓето

25.03.2011 13:02
Китот ги набљудува луѓето

Секогаш се задишани, со долги екстремитети со кои често мавтаат. И колку само не се обли, без величествени довршени облици, со мала подвижна глава на која е концентриран сиот нивен чуден живот.

Стигнуваат лизгајќи по морето, а не пливајќи, речиси како да се птици, а смртта ја задаваат со кревка и симпатична суровост. Долго молчат, а потоа наеднаш жестоко викаат меѓу себе. Сплет од звуци кој воопшто не се менува, и каде што недостасува совршенството на нашите најзначајни звуци: љубовен повик, жалосен плач. И колку мора да е мачно нивното водење љубов: без мек дебел покривач, бодликаво, речиси нагло, благодарение на нивната влакнеста градба кој не предвидува херојски потешкотии во спојувањето, ниту преубави и нежни напори да се дојде до него.

Не ја сакаат водата, се плашат, и не сфаќам зошто постојат походи. И тие се движат во јата, ама без женки. Претпоставувам дека тие се на некое друго место, и секогаш се невидливи. Понекогаш пејат, ама само за себе. Нивната песна не е повик, туку еден вид мачен плач.

Брзо се заморуваат и, кога ќе се стемни, се разотидуваат по малите острови, и можеби спијат, или ги гледаат ѕвездите. Ќе исчезнат некаде во тишина и се разбира дека се тажни.

Антонио Табуки (1943) е италијански писател, длабоко вљубен во Португалија и делото на португалскиот писател и поет Фернандо Песо. Табуки е доста преведуван на многу јазици во светот, меѓу кои и на македонски. Добитник е на неколку книжевни награди. Расказот што го прочитавте е земен од неговата книга „Жената од Порто Пим“.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Клопец [к:1]
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Мајка [к:1]

ОкоБоли главаВицФото