Дизајниран алат за преживување на судниот ден

04.05.2012 10:09
Дизајниран алат за преживување на судниот ден

Во 2012 година, точно на нејзиниот крај, ако судиме според пророштвата, може да се случи крајот на светот.

Судниот ден, крајот на светот или како и да го викаат апокалиптичниот ден на катаклизми, треба да настапи на 21 декември 2012, ако (со сето она што се случува тука и во светот) тоа не се случи и порано. Ако сакате крајот на светот да го дочекате среќен, тажен, исполнет или престрашен, тогаш тоа е ваша работа, но потрудете се да го дочекате барем спремни.

Како да го дочекате спремни судниот ден (и како истовремено добро да се испромовирате) со својот проект „Just in case” нè учи мексиканската агенција Menosucocerouno. Нивниот специјален прибор за преживување би требало да ви послужи несреќното случување (што подолго) да го преживеете. Низа алатки и намирници кои би требало да го продолжат вашето живеење на Земјата се спремни и завиткани во естетски разубавени пакувања. Црната и жолта боја на пакувањата сугерираат боја која е вообичаена ознака на радиоактивноста.

На нивниот „попис“ на содржини со кои ќе опстанете подолго има типични нешта кои секој би ги довел во конотација на преживување; кибрит, доволно залихи вода и пригоден нож, но и неколку нетипични работи. Тука се парчето темно чоколадо (кое секогаш добро доаѓа), роковник и пенкало – кои можат да послужат за пишување мемоари и цртање, како и ракија која ќе ве опушти во моментите кога ќе ви биде најлошо.

Ако веќе сè ќе отиде во бестрага, барем заминете во стилот на „Just in case“ алатот!

Извор: menosunocerouno.com

ОкоБоли главаВицФото