Буш на колец, НВО се извинува

19.06.2012 13:17
Буш на колец, НВО се извинува

HBO и продуцентите на популарната серија „Игра на тронови“ се извинуваат поради сцената во која беше прикажана отсечената глава на поранешниот претседател Џорџ Буш како виси закачена на колец.

Сцената за првпат беше емитувана минатата година, а беше репризирана и издадена на ДВД март оваа година, кога и за првпат беше забележана, благодарение на коментарот на продуцентите на серијата вклучен во ДВД-то, каде што тие јасно истакнуваат дека главата навистина личи на онаа на Буш.

Продуцентите на „Игра на тронови“ велат дека често набавуваат големи количини на простетски делови од човечки тела кои се потребни за серијата и дека правењето нови може да биде многу скапо. Така и се случило главата да наликува на онаа на поранешниот претседател, а дури за време на снимањето некој посочил на тоа.

„Немавме намера да го понижиме поранешниот претседател и се извинуваме ако нешто што сме кажале или посочиле звучело поинаку“, велат продуцентите во една од изјавите.

Иако се „крена прашина“ за ништо, а сцената каде што наводно се прикажува отсечената глава на поранешниот претседател трае само една секунда и воопшто не е лесно забележлива, HBO сепак се огради од сцената и преку својот портпарол изјави дека „Сцената е неприфатлива, понижувачка и лошо изведена“. Мрежата ги запре сите понатамошни пратки на ДВД изданието и изјави дека ќе ги отстрани репризите на епизодите сè додека сцената не биде монтирана и избришана.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Ко нашиве соросоиди да ја

Ко нашиве соросоиди да ја ставиле главата на Папата во пензија. Замислете колку ќе треба да се посипуваат со пепел.

ОкоБоли главаВицФото