Мартин Ромерс: Метрополис

08.11.2012 11:50
Мартин Ромерс: Метрополис

Половина од човештвото денес живее во градови, а ОН предвидуваат дека во урбани средини до 2050 година ќе живеат дури 70% од луѓето во светот. Ширум земјите во развој, градовите месечно примаат и по неколку милиони нови жители. Само Индија може да се пофали со 48 градови чија популација надминува еден милион жители, а Мумбај неретко се споменува како град во кој на еден километар квадратен можете да затекнете милион луѓе.

Со темата на пренаселените градови се занимава холандскиот фотограф Мартин Ромерс во серијата фотографии Метрополис, за која е награден на конкурсот World Press Photo 2011.

„Со овие фотографии сакав да покажам дека мегалополисите и покрај својата пренаселеност, постојаната динамика и сеопштиот хаос не ја губат хуманоста“, вели Ромерс.

Фотографиите на Мартин Ромерс се објавувани во многу медиуми, меѓу кои Њујорк Тајмс, Newsweek и The New Yorker, а изложувал ширум Европа, САД, Азија и Австралија. Неговиот проект Метрополис сè уште трае.


Пекинг


Џакарта


Џакарта


Дака


Истанбул


Каиро


Каиро


Мексико Сити


Карачи


Карачи


Манила


Мумбај
 

Повеќе за делата на Мартин Ромерс може да прочитате/погледнете овде.

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори
Јавни простори / Технологија
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото