Ситкомите со геј ликови ги менуваат ставовите на јавноста?

20.11.2012 15:00
Ситкомите со геј ликови ги менуваат ставовите на јавноста?

Анкетата што врз американските гласачи ја спроведе The Hollywood Reporter покажа дека сериите од типот на „Модерно семејство“, „Glee“ и „The New Normal“ имаат големо влијание врз позитивните ставови на гледачите во однос на геј браковите.

На прашањето: како телевизиските серии влијаат врз нив?, 27% од анкетираните одговориле дека поради геј ликовите имаат попозитивен став за брачната еднаквост, додека само 6% одговориле дека поради тоа уште повеќе се против геј бракови. Изненадува податокот дека меѓу оние што тежнеат кон поддржување на брачната еднаквост, гласачите на Ромни се застапени со 13%.

„Овие податоци сугерираат дека таквите серии влијаат врз општественото прифаќање на геј браковите“ изјави авторот на спроведената анкета Џон Пен. „Од 2002 година наваму, ставовите кон геј браковите стануват сè попозитивни“, додаде тој.

Анкетата открила и дека гласачите на Обама ја преферираат серијата „Модерно семејство“, а оние на Ромни „Glee“ и „The New Normal“. Вториве би ја гледале и „Модерно семејство“, ако Мичел и Камерон се венчаат. „Гласачите на Обама велат: „Го променив својот став поради тоа што го гледам“, додека гласачите на Ромни ќе речат: „Колку повеќе гледам содржини со геј тематика, толку повеќе сум против тоа“, смета Пен. Но, ова се однесува на повозрасната група гласачи.

А помладите функционираат малку поинаку – повеќе геј ликови попозитивно ќе влијаат врз нивните ставови. Пен смета дека причината за ова е што гледачите помлади од 35 години се далеку повклучени на социјалните мрежи, преку коишто комуницираат со нивните пријатели, што влијае врз оформувањето ставови.

Од вкупниот број анкетирани, 42% рекле дека поради прикажувањето на геј браковите на телевизија станале свесни за проблемот на нееднаквоста што сега го промислуваат подлабоко и поактивно.

Според резултатите од оваа анкета, телевизиските содржини со геј тематика имаат значен удел во генералното општествено прифаќање и упатуваат на пошироки сфаќања за тоа што навистина значи семејството.

Извор: crol.hr

ОкоБоли главаВицФото