На Обама не му е јасно како ЕУ ја заслужи Нобеловата награда за мир

24.12.2012 16:55
На Обама не му е јасно како ЕУ ја заслужи Нобеловата награда за мир

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама пред извесно време изјави дека не му е најјасна одлуката на Нобеловиот комитет, овогодинешната наградата за мир да ја додели на Европската унија.

Обама рече дека Нобеловата награда за мир досега се доделуваше на поединци кои го посветиле целиот живот на одржувањето на мирот, а тоа не може да се однесува на Европската унија.

-Покрај фактот дека некои земји членки на Европската унија учествуваа во воените интервенции во изминатите години, се поставува и прашањето како може наградата да ѝ биде доделена на политичка заедница на држави, која е во сериозна криза, смета американскиот претседател.
Обама напомена дека ваквите одлуки на Нобеловиот комитет можат сериозно да го нарушат угледот на оваа институција.

-Не знам како сега би се чувствувале некогашните лауреати како Мајка Тереза, Мартин Лутер Кинг или Вудро Вилсон, се прашува Обама. По последното доделување може да се констатира дека Нобеловата награда за мир веќе ја нема онаа тежина која ја имаше претходно.

-Не можам да се сетам на некој поконтроверзен добитник на ова признание, додаде американскиот претседател.

Адаптирано од: http://www.njuz.net