Кога Вардар ќе биде пловен

13.02.2013 10:32
Кога Вардар ќе биде пловен

Колку ми е криво шо некој у оваа наша државичка работи без концепт и план, чудо едно. Ете, пред некој ден читам овде: „Српските власти не се откажувааат од пловен пат Дунав-Морава-Вардар” пa си викам, шо ме боли за српските власти шо рекле, мене ми е криво за нашиве, македонскиве власти.

Толку фини работи напраија у Скопјево, по течениево на Вардар, шо ми доаѓа да плачам ако Вардар го напраат пловен. Ќе му ебат мамата и на врбите, и на галиите, и на плажите и на… Али, коа више тргнало, мора да се бара чаре па ја, као сваки лојални граџанин и патриота, низ мислите си кроев планои за спасуење на нашето културно-ботаничко-забавно-рекреативно богатство со кое претходнава Влада остаи силен печат на градот.

Значи, као прво, ви ја презентирам нацрт скицата која подоцна, ако ја прифати поширокиот аудиториум, а нема зошто не би ја прифатил, би идела на јавна расправа.

1. (обележено со црвено) Околу Галијата, која е единствениот брод на светот со темели и арматура фи16, односно е фиксен, да се напраи кружен ток. 2 галии, 2 кружни тока. 3 галии, 3 кружни тока. Малку со пцовки, нови знаци и слични заебанции нашиот стручњак за кружни токови ќе го реши проблемот.

Имаш и галии и кружни токови. Ќе бидеме први у светот на кои им текнало да ја регулираат безбедноста у водениот сообраќај со кружни токови пошо острова више не биле у мода а плус тоа галија на суво кај се видело?

2.(плава боја) На лева страна од пловниот пут Солун-Скопје-Будимпешта не дирам зашо таму никад никој не смее да дира.

3. (плава боја) било потребно прошируење на коритото на Вардар за водени пут Будимпешта-Скопје-Солун, односно десната страна на коритото за 40-50 метри па со само тоа на Јустинијан водата би му дошла до уста а коњите на Гоце и Даме би каскале до колена у вода. Али, пошо све је то од јака бронза у квалитет CuSn14Al9 нема да имаат никакви последици и реконструкции на овие дела, иако некад знаат да позеленат и од јак ваздух.

4.(жута боја) е кракот на Морава која, као што се глеа и на првата карта, мора да доаѓа од Прешевската Долина и да поминуе преку Скопска Црна Гора. Стручњациве предвидујат изградба на канал и брани за трансферзија на сливот шо у превод значи да качиме некој брод реморкер од 50 метри н.в. на едно 400 метри н.м. Глупости! Фино лепо ископаш тунел под С.Ц.Гора со нагиб од 64% па Морава, у Чаир споена со Серава грга у Вардар. Алааааала вода.

5. Водоскоците (фонтаните у Вардар) жално би било да се дислоцираат па затоа предлагам да се отворат 2 перионици на бродови. Една, за оние шо идат удоле и една за оние бродови шо идат угоре. Ова ви го соопштујам у тајност зашо ако разберат Србине одма ќе отворат вакви у Лесковац и Предајане и ќе ни ја поебат работата.

6. (светло плава боја) е зграда идеална за Капетанија. Пошо стубои че бидат комплет у вода, застануеш со лаџа до сама зграда, вадиш документација, ти отвара џамче референт па:
- дај документи!
- на документи!

бап печат, дај такса и решен проблем. Да е на друго место, па доаџаш со лаџа, па нема паркинг место, па врти околу Плоштад, па плови до Бит Пазар дур најдеш место. Па откоа ќе го најдеш, качуј се по скали, лифтови…отиде денот…до Ниш ќе стигнеш.

7. Не знам шо објект је, али таму или на зграда на јавни дифузни сервис мора да има светионик и, тачка. Е сеа, пошо све мање че возиме коли а све више чамци, глисери и лаџи, а мие онака неискусни у пловидба на вода, че мораме да полагаме. Предлажем полигон за обука да биде езеро Треска. 30 часа обавезни на полигон, ручна на Треска у брзаците за Матка па ко је спреман нек изволи.

Она цик-цак (не улошки) него полигонска вожња на пловно средство би можела да се изведуе измеџу врби на Вардар коа е сообрачајот намален.

Мислам дека многу помогнав со предлозиве и очекујам Благодарница од оваа и идучи Влади за моиве конструктивни предлози у решаањето на проблемот. За оние надоле Драчево, Зелениково, Студеничани шо имаат плодно земјиште а ќе биде под вода нека решаваат они. Нека садат сунџери, школки, корали…. можда и за тоа некад че има сумвенции? М?

Че забораев, бродоградилиште у Ѓорче Петров обавезно!

п.с. Сите добронамерни и конструктивни предлози се добредојдени.

Извор: batadjango.blog.mk

ОкоБоли главаВицФото