Боб Дилан: уметничка фузија на стилови

24.05.2013 10:53
Боб Дилан: уметничка фузија на стилови

Американскиот пејач, композитор и поет без кого светот на музиката не би бил истиот, Роберт Зимерман, познат како Боб Дилан денес го прославува својот 72 роденден.

Боб Дилан има огромно влијание врз рок музиката. Тој е првиот музичар кој инсистирал на квалитетот на текстовите на песните и еден од првите кој свирел фолк рок, како и кантри рок во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Неговите две спротивставени амбиции: да биде успешен поп-пејач и да го сфатат сериозно како уметник се чинат исто толку нексладни колку и неговата фузија на фолкот и рокот. Сето она што во американската култура било толку популарно автоматски било изедначувано со компромисот и намалувањето на квалитетот.

Неговата втора страна често ги нервирала „ортодоксните“ фанови, па Ирвин Силбер објавил едно отворено писмо во кое му се обраќа на Дилан, критикувајќи ја неговата естетска нарцисоидност. Пол Волф го обвинил дека е измамник, лицемер и дека ја ограбува сопствената публика.

Како дете, Дилан поминувал многу време слушајќи музика на радио станиците, па најпрво бил импресиониран од кантри и блуз музиката, а подоцна се заинтересирал и за рокот. Кога бил тинејџер основал неколку бендови, а неговиот почеток во музиката е одреден од мешавината на рок и фолк тоновите.

Во почетокот на 60-тите години на 20. век, ги напуштил студиите и се преселил во Њујорк, сакајќи да и се посвети на својата љубов – музиката. Позитивните критики за неговите клупски настапи кои биле објавени во Њујорк Тајмс и усните препораки го двеле до легендарниот ловец на таленти Џон Хамнод и му обезбедиле договор со Колумбија Рекордс, по што е издаден неговиот прв албум „Bob Dylan“.

Во тоа време во своите песни, тој го истражува бунтот кон американското општество и во текстовите ги проучува своите политички ставови, но во подоцнежните години од своето уметничко создавање се оддалечува од општествено-политичките теми.

Дилан свири на гитара, усна хармоника и клавир, а во текот на својата уметничка кариера која трае веќе 45 години има издадено 44 албуми меѓу кои најпознати се: „The Freewheelin’ Bob Dylan“, „Blonde on Blonde“, „Blood on the Tracks“, „Desire“, „Love and Theft“, „Modern Times“ ...

Овој познат кантавтор е носител на првиот двоен албум во историјата на музиката - „Blonde on Blonde“ од 1966 година. Неговите песни со групата „The Band“ кои тогаш сè уште не биле објавени се причината за настанувањето на албумот „The Great White Wonder“ од 1969 година, првиот бутлег во историјата на рок музиката.

Уметноста на Боб Дилан е наградувана со многубројни признанија, меѓу кои се издвојуваат наградата „Polar Music“, наградата Греми за животно дело, почестите од Центарот Кенеди, како и членството во „Rock and Roll Hall of Fame“ и „Nashville Songwriters Hall of Fame“.

Меѓу неговите бесмртни песни се и: „The Times They Are A-Changin“, „Shelter form the Storm“, „Tangled up in Blue“, „Blowin’ in The Wind“, “Like a Rolling Stone“, „Just Like A Woman“, „Sara“, „All Along the Watćtower“, „Lay Lady Lay“ и многу други.

Извор: b92.net

ОкоБоли главаВицФото