Што со вреќа кафе?

20.06.13 13:56

Канцеларијата Innarch неодамна осмисли ентериер за кафуле на компанијата Дон Кафе во еден приштински шопинг центар. Идејата е визуелно да се оддели Дон Кафе од останатата локална понуда и да му се даде нијанса на модерност.

Инспирација за ентериерот архитектите побарале, се разбира, во кафето, или попрецизно, во вреќите исполнети со зрна кафе.

Ѕидовите се органички, со боја на кафе, а столбовите се „облечени“ со текстил за вреќи кафе. Масите и светлата се обликувани како зрна кафе, а целиот мебел е распореденасиметрично, за да се добие впечаток на „престојување во вреќа за кафе“.

Страничниот ѕид кој воедно е и клупа, е сочинет од повеќе парчиња шперплоча, секое посебно исечено, обликувано и на крајот споено во едно големо парче мебел, кое има декоративна и функционална улога. За уредувањето на кафулето се употребени вкупно 1365 парчиња шперплоча со дебелина од 2 и 4 сантиметри.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото