Талауп

08.11.2009 13:05
letargican-talaup.jpg

Знаесва га датум. Знаесва дека следи смена на натпис на фотељу од 'Ојле' у 'Дојле', и побунисва се.
Малце галама, и (како увек) после - штама.

Историја се понавља: марионета ќе е главуч на сутлијаш од организацију.
Медиуми протестери ги викасва 'Студентски...', а они викасва дека њин индекс е 'Слободан...'.
Бравос за тачно пренасање на називи. Успешно торнадо у чашу сас воду.

Стигне ти на Твитер, обавести те некој сас линк на Фејсбук: почнале студенти да ги парализирав факултети. "Нат фор сејл!", викав тамошњи факултетлие.

Овија наши бунтџије - ќе седнев и ќе почнев да кокодакав низ дебату! ДЕБАТА?!?
Немале сте време да се организирате?
Кога л'жете? Кажите си истину: паре су земени, плакате су иштампани, људи су платени - дебата мора да се деси.

Не е дека нема време, него една друга прљавштина и мрсноќа овде испловуе на површину. Да ви кажу која е?

Треба да ве биде срам како си се викате...
Дека сте организација. Дека сте јак кур.
Дека сте умрежени сас студентарие по Балкани, Европе, Белосветије и Вукојебине. Дека правите битни срања.

Еве га кажување што се дознава...
Дека работите по 'ивент-скедјул' и 'активитис тајм-тејбл' кој ви е зацртан унапред. Дека сте шаблонски тиквари кои само декларативно (јака реч, ај-ој!) су флексибилни, напредни и изненадљиви.

Информацие за догаѓаи, по еС-еМ-еС и месинџери, ја ги добивам сас недеље (некад и цел месец) унапред.
Ја, кој треба да престану да се викам студент, затој што ќе дочекам десетгодишњицу од матуру без да имам диплому.
Мене ми стизав податци дека се спремав масовни догодовштине по ауле, амфитеатри и предавалне.
Ја тој дознавам док сам измеѓу два телефона, пет камиона и троица цариници.

И мене, момци тамо кои измеѓу предавања састанчив по формални и неформални собировке и штанцав "револуш'н из мај нејм"-флаери, ќе ми кажев дека немале навремени индикацие за делување на њини колеге и генерациски саборци по остали државе?!?

За тепање сте, да ви кажу. Зборите глупости, да знаете.
Ако сте расеани - не се стављајте под исто чад'рче и не си давајте име кое не умете да га браните.

Виделе ли сте како умев да се парализирав шалтери док е пријавување на испити.
Тој се дешава због неспособњаковиќи кои су олд-скул администрација.
Големо разочарење е к'д се види дека факултет за организациски науке (погодите кој е т'ј) не уме да се справи сас ствари кои су им "калови у ноември" или "снег у декември" у њино работање.

Одржите си ги ви ваши дебате. Оф, леле, зашто дел од паре не се дадев за транскрипцију на истите тија збирштине?
Да дознам ја, а и други не-присуствувачи, што тој тамо ќе смутите или избистрите. Што ново ќе смислите и закључите. Како ќе се изнПОНАВЉАте и исПАПАГАЛчите.
Мислу дека пред спонзори и свое его ќе сте на кеф ако ве спомнев на вести и ве има по новине. Јако ми тија некои достигнуќа. Како да не се гордееш сас њима?

Паралелно сас дебате (кои - веќ разјасни - не мора да ги има, али ако е ред, нека ги има) исто такој има да успеете да блокирате цел кампус.
Ич немој да се плашите!

Спреман сам да чују правдања дека ќе се разреди силина на 'планирани активности' (смрдљачка синтагма - АЛТ-и-ШИФТ, бришите гу од употребу, сместа!).
Нема ве довољно за да ги терате и двете истовремено. НЕМА ВЕ ДОВОЉНО?
Немој да се заебавате.

КГФ (Комплекс Глупи Факултети: Праван, Економски, Филолошки, Филозофски - 'глупи' у име им е због применљивост после завршување) како кампус има три улаза: од куде телевизију и два откуде трговски центар.
Колко људи треба за да ги блокирав тија тачке, да не може да се улегне сас авто, да не може да улегнев професори кои не би га поддржувале протест?
Зашто треба овој? Затој што смешно би било сто човека да мафтав големи хамери сас какви-ти-ја-знам натписи пред улази за да ги сними камера, а унутра да си течев предавања и остало сас иљадо покорни човечиња и асистенти.

Кој ефекат, мислим! Да не биде само парада и претстава, мислим!

Исто можев да га средив и КИФ (Комплекс Искомплексирани Факултети: Машински, Електро, Технолошки, Природно-математички - 'искомплексирани' затој што зграде су им како болнице и основни школе). Куде њима кампуси скоро и да нема, такој да блокаде још пол'ко ќе се остварив. Чак што више, тамо мислу дека и дел од наставни кадри е кул, и дека ќе фатив и они да се бунив, заедно сас онија на кои су им ментори!

Смешно е и тој што најголемо плашење е затој што е колоквиумска недеља. Туго, туго, што ќе се прави, куку!
Колко само работе се одложуев у ток на живот, некои и од много одложување никад не се десив, а овамо - фаќа ве серка што некое препрашување ќе се помери, бреј!

Прашајте се: дали сте ви туја за ваши факултети, или су они туја за вас?
Од овој стрепив сви онија кои практикуев курчинг сас "д-р" и "м-р" пред свои имиња.

Прашајте се: колко ќе плаќате за казну за померено полагање?
Одговор на овој другото е (ако не ви текна веќ): ИЧ!

Памтите ли, разлог за бунење е "Нат фор сејл!"

Припазите, универзитетска (намерно е мало 'у') Администрација (е, туј е големо 'А'!) ќе ви приповеда дека има свакакви трошкови: финансирале се истраживања, закукувале се канализацие, обновувале се књижни фондови, трпала се залиха на г'з папир, правиле се реновирације, купувале се метле и солни киселине, одржувале се меѓууниверзитетски сарадње...

Треба им паре да работив? Добро. Како се трошив тија паре, дај да видимо.
"Ама, знаете, треба време да се среди и сортира све тој, да се подреди..."
Што, што? Не умете да дадете рачун?
Oнда - "нема рачиња, нема ни колачиња".

Зашто да дознавам дека некојси декан фаќаја боју по беломорски полуострови, трошејќи од сметку коју смо гу пуниле ми за 'книжан фонд и тетратке'?
Зашто дебелогузичари од ректорат да дринкав португалски винца, на брег на Атлантик, платени од кешарицу од рачун на 'информативни, културни и спортски активности' ?

Купувале сте кифле, знаете колко се брзо спрема сметка.
Некои су седнувале и по кафанчиња, и тамо целовечерњи пијанке брзо добивав цехче.

Негде осим додавку Де-Де-Ве, има и една загадочна: А-Пе-Пе.
Знаете што значи? "Ако пројде, пројде".
Тој пробуев да ви га подметнев конобари, кои сакав да ве ошурив, рачунајќи на тој дека сте се толко много уќориле, што нема много да га тумачите крајан износ.

Доста ли ви е више од такви изгорувања? Исцепасте ли ги патике пешачејќи после алкохолни делириуми, затој што немасте паре за такси ("куде ги спичка паре..?")?

Мислите ли да продужите да зимате кредити, за да ве пљачкав?
Мислите ли да бидете финансиери на паразита кој, ај што ич не ве шиша, него ве и дере? Кој продужуе да ве исцицуе све повише?

Организаторчиња, што ќе се прави?

Синхронизирана побуна, или тупечко разговарање?
Ветре млако како пувеж (и исто толко битно)?

Или јака (много потребна) промаја?!

 

 

Полошо обмислен и позалутан

Полошо обмислен и позалутан текст од ова немам прочитано, паќаат стандардите на Окно ако се објавуваат мислења базирани на гласини базирани на информации од трета рака и рекла-кажала.
Не знам од каде ти се информацииве (претпоставувам од булшит текстот у Нова Македонија кој абер нема од реалност) - а браво за тебе ако веруваш во се што ќе слушнеш/прочиташ во дневните медиуми.
Ако навистина сакаш да дознаеш нешто (а не само да дигаш прашина) околу работите за кои пишуваш, многу подобро е да земаш информации од прва рака, а најлесна работа е да се прати маил до Слободен Индекс на јавно достапната адреса: sloboden.indeks [at] gmail.com

    (пардон мај македонски,

 
 
(пардон мај македонски, така ќе е заради јаснотија)
Налутената (ајде, беее!) организација нека не се дува веднаш.
Ги прозвав, затоа што ми делуваат како уште една од "печурки-после-дожд" организации. Ако исчезнат ("хау абаут а меџик трик?") после шест месеци или година дена, ќе ми биде криво што сум бил во право. Гледајќи ги (до)сега, ми делуваат анемични. Исти како сите претходници.
Не дека имаат некаква врска со нив, ама некако ми се "исти курац, друго паковање".
Тоа што ги 'рчкам, нека не го сфаќаат дека сум против нив.
Ама, методологијата им е превазиѓена (надмината, срп.), времето на реагирање им е рефлекс-мртав-коњ, животноста на акциите им е а-ла-мајска-мушичка (еднодневка, м.з.)
И, пазете, тука уште ги рендачам пробисветите од катедрите и кабинетите, сите оние кои велат "такви се состојбите, ништо ние тука не можеме". Дали, бре?!
Знам дека ниедна капка не превзема одговорност за поплавата, ама ,и таму не се јавуваат некои нови надежи за опоравување.
Погледнете ја само структурата на заседнатите кои моќникуваат, и погледнете ја бројноста на засегнатите кои поднесуваат!
Сакам едни јаки боксови, сакам да пукаат јаки шамаришта, сакам болни клоцања!
И тука не мислам на буквално насилство!
Веќе случениве пропагации, декларации, манифестирања и паролашења ми се изџвакани пристапи.
Веќе случениве (и наново повторуваниве) нешта ги сметам највиновни за кататоничноста на студентаријата. Не е така? Тинк твајс...
Баќушки, ако ме препрочитате, без одбранбениот механизам супресија (одложување), ќе видите дека имаме мошне слични ЗА и ПРОТИВ. Тоа што ве пецнувам е дека не сте ми доволно уверливи дека ќе предизвикувате потреси. Еј, па побијте ме - тоа го сакам од вас!
Не можам ни јас да ги трпам гнасотлаците и поганштините кои ни ги приредува бесмртната многуглава Администрација.
Како ќе ја рашрафуваме таа машинерија?
Делејќи книги во кои пишува како се раскопува бавча, или тутнувајќи им на волните за работење чекиќи, шрафцигери и пили?
 
 

Андреј, претчувствувам дека

Андреј, претчувствувам дека имате право (чисто ради политичките антени:), ама во суштина не знам за што станува збор. Ниту сум го читал тоа во „Нова Македонија“ (тој весник спинува и пакува опасно, се’ за режимот&фамилијата!), ниту, па, го разбирам Летаргичан, не знам прецизно кои му се метите: Сојузот на студенти, Слободен индекс, некој трет?!

Ние во „Окно“ го симпатизираме „Слободен индекс“, тоа е јасно (го имавме текстот на Вуна итн). Ако текстот на Летаргичан е напад врз СИ, го даваме истиот простор и истото време, се разбира, за одговор на тој напад. Тоа е најмалку што можеме да направиме. А и инаку сме сосема отворени за „Слободен индекс“.

Жал ми е ако нападов на Летаргичан предизвика штета. Најзафркнати се ударите од сопствените редови, а таквите, во оваа запустена долина на плачот, дури се и почести од ударите на противниците! Жал ми е, што да ви кажам...

    Хехехехе,доста

 

 
Хехехехе,доста интересно,ДОСТА!:)))) Ако сакаш информација од прва рака еве ти e-mail па ке ти кажеме СЕ како што е!:)))) Абре луѓе,го јадеме сите стапот во оваа т.н. држава. Се дигаме на т.н востанија против кој,против самите себе,против некој за да на третиот му се дигне-рејтингот? Во оваа држава не успеале многу поопасни рапоти да се бутнат и средат,а не па да се среди студентскиот живот! Ако сакате нешто да се среди мора сите да излезат и да искршзат се низ државава! Па на крај лопатарите кои си ги дрват во фотељите ке мора да си извадат прстињата од носот и да си ги стават на челото и да се замислат што се случува тука! Како и да е, уживајте си сите вие кои се нарекувате организации, а си ги прчите у слободно време (кое стварно го имате многу!) и секоја чест на исклучоците. Плус тоа,како се блокира влез??? Многу лесно бре, студенти од Градежен Факултет ја блокираа Партизанска,а не па еден ебан влез! :))) А за решавање на проблемите на студентите може сите да си отвориме по една организација и да се лупаме во гради и да викаме јас сум тој што ке ги реши проблемите, а од друга страна, оп на сметка паричка за одморче! Единствено решение е БУНТ,а сами сте свесни дека тоа кај нас нема да се деси пошто еден дел немаа тако звани ташаци или муда, а поголемиот дел се нечии марионети!!!! еве ви еден линак  ( http://www.aimpress.ch/dyn/pubs/archive/data/200012/01211-003-pubs-sko.htm ). Е тука се ви е пишано па најверојатно еден ден ке сватите некои работи со тие ваши мили и убави главчиња!!! 
 

Слични содржини

Летаргичан
Летаргичан
Летаргичан
Летаргичан
Летаргичан
Летаргичан
Бонсек [к:1]
Летаргичан
Летаргичан
Дабоме [к:2]

ОкоБоли главаВицФото