Не ѝ служам јас на државата, државата ми служи мене

21.10.2013 09:14
Не ѝ служам јас на државата, државата ми служи мене

Ајде да пробам пак:

1. Државата не се сака. На денешниот степен од развој на човештвото, државата е машинерија која постои за да ги регулира односите меѓу луѓето и да го овозможи непреченото практикување на нивните права и слободи. Тоа е исто како да кажеш дека ја сакаш гарнитурата за седење дома или скалите или WC шолјата.

2. Државата на современиот степен од развојот има главна задача да обезбеди што е можно подобар живот на што е можно повеќе граѓани. Доколку не ја исполнува задачата и доколку (не дај боже) почне да ги малтретира своите граѓани, таа е расипана и треба да се поправи.

3. Државните службеници се платени од граѓаните и треба да се однесуваат со најголема можна почит кон своите работодавци – граѓаните.

4. Државата не се моли. Пред неа не се коленичи. Од државата се бара. Доколку не е во состојба да ги исполни барањата, се менува државниот апарат и се поставува оној кој може да ги задоволи.

5. Никој нема должност да има добро мислење за джавата, меѓутоа таа има должност да го почитува секој граѓанин и да ги задоволува неговите потреби и интереси.

6. Државата нема сопствени потреби и интереси кои се надвор од потребите и интересите на граѓаните.

Ве молам, немојте да наседнувате на незнаењето на актуелната кецарошка и насилна власт. Во моментот кога граѓаните ќе почнат да се плашат од власта, тоа значи дека е време да ја сменат, а не да ѝ се клањаат.

А оваа власт после сѐ што направи за своите граѓани не треба само да биде сменета. Таа треба да биде срушена, згазена, уништена, искорната од корен (како и секој плевел), за да се пушти порака до секоја идна власт дека граѓаните и нивната добробит се основна грижа на секоја власт и дека само активности кои се насочени кон задоволување на потребите и интересите на граѓаните се дел од нормалното функционирање на современата држава.

Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото