Горење на книги

13.12.2013 13:41
Горење на книги

ГОРЕЊЕ НА КНИГИ

Кога режимот заповеда, книгите со содржина штетна
јавно да се горат и на сите страни
волови присилени беа коли со книги
кон кладите да влечат, еден прогонет поет
еден од најдобрите, виде
дека книгите негови заборавени беа.
Побрза кон масата за пишување, гонет од гнев
и на моќниците им напиша писмо.
Спалете ме! Не оставајте ме! Зар јас
не ја кажував секогаш вистината во моите книги?
А сега се однесувате со мене како со лаж!
Ви заповедам:
Спалете ме!


ПАТЕРИЦИ

Седум години не можев да направам чекор.
Отидов кај лекар, еден голем ум.
Зошто со патерици одиш? ме праша со прекор.
А јас му одговорив: фатен сум.

Тој рече: не е ни чудо со овие штици.
Биди љубезен и пробај да одиш, гази!
Тебе те парализираат овие дрвени трици.
Оди, паѓај, на раце и на нозе лази.

Како страшилиште удри тој во смеа,
Ги зеде патериците што убави ми беа
Со смеа од грбот мој ги скрши
Ги фрли в оган и така со нив сврши.

Болката мина, се излекував јас од неа
И сега одам. Ме излекува една смеа.
Се случува, кога понекогаш дрва ќе видам,
Со часови во одењето несигурен да бидам.

Препев: Душан Томовски

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото