Афроамерикански божиќни картички

24.12.13 17:15

Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ (за верниците кои го слават според грегоријанскиот календар), претставуваме серија американски божиќни картички стари околу педесетина години. Интересно во врска со картичките е што нивната „целна група“ биле исклучиво афроамериканските христијани.

Ставовите на оние кои ги коментираат картичките од денешна дистанца се поделени. Според едни, нема ништо необично во тоа што во средините во кои преовладува афроамериканското население ангелите, Дедо Мраз и луѓето кои празнуваат ги имаат антрополошките карактеристики на доминантното население. Други пак, сметаат дека е тажно тоа што празникот кој би требало да ги обединува сите христијани (според некои и целото човештво), го одразува расистичкото расположение во тогашното американско општество.

Извор: retronaut.com

ОкоБоли главаВицФото