Со Барби против насилството над жените

01.03.2014 13:06
Со Барби против насилството над жените

Голем број девојчиња растат играјќи си со куклите Барби, создавајќи претстава за идеалот на женственоста и зрелоста врз основа на нивниот нереален изглед. Фотографката и уметница Саманта Хамфрис одлучи да интервенира во овој совршен свет и да ја покаже другата страна на растењето.

Со цел да ја подигне свеста за семејното насилство, таа изработи серија фотографии на кои на куклите Барби им додаде повреди кои се движат од полесни до потешки, како модрици и крвави рани, претворајќи ги така во жртви на насилство.

Хамфрис дошла до оваа идеја размислувајќи за тоа дека како деца сме склони да веруваме дека сѐ е идеално и дека донекаде и со право сме заштитени од грубата стварност на светот на возрасните. Серијата фотографии се темели на хипотетичкото прашање „Што би било кога од рана возраст децата би учеле за грубата стварност со која можат да бидат соочени?“

На вкупно 10 кукли, таа прикажува дека стварноста на возрасните е значително поинаква од она што Барби го пропагира како модел, проговарајќи за насилството над жените и за несигурноста, осаменоста и зависноста.

Иако не смета дека децата би требало уште при играта да се соочуваат со насилство, Хамфрис верува дека куклата Барби сепак треба да им овозможи на девојчињата пореална, не толку гламурозна слика на светот на возрасните.

Извор: Huffington Post

Слични содржини

Општество / Активизам / Свет
Фотографија / Око
Психологија / Живот / Уметност
Фотографија / Култура / Настан
Општество / Активизам / Фотографија / Став

ОкоБоли главаВицФото