Во посета на плакарот на Питси Кемпбел

18.04.2014 15:10
Во посета на плакарот на Питси Кемпбел

Питси Кемпбел е графичка дизајнерка и фотографка која живее во Лос Анџелес. Нејзиниот стил е мешавина од етно, модерен, рокерски и феминистички.

Со каков тип графички дизајн се занимаваш?

Претежно со веб дизајн и принт-дизајн, особено со каталози за моите пријатели дизајнери. Правам сѐ повеќе такви работи и тоа ми се допаѓа!

Опиши го твојот личен стил.

Хаотичен е, сакам премногу стилови за да можам да се вклопам само во еден.

Кои се твоите омилени места за шопинг?

Mohawk General Store, La Garconne, A.P.C, Tavin, болвјиот пазар кај Pasadena City College.

Кои ти се омилени дизајнери?

За во лето, тоа се A.P.C. Madras, Беатриче Валенцуела, Доса винтиџ наметките. За во зима, A.P.C., Хенрик Вибсков, Common Projects, Isabelle Marant Etoile, Cacharel, Soyer cashmere и исто така некои винтиџ парчиња облека. Што се однесува до накитот, тоа е накитот на Кетрин Бентли помешан со стари парчиња од баба ми и што било од Авганистан или Киргистан.

Актуелен тренд што го сакаш и актуелен тренд што не го сакаш?

Дали облекувањето повеќе лесни парчиња едно врз друго е актуелен тренд? Нема тренд кој навистина ми пречи - баш сум љубител на нови идеи и правци, ако се сработени како што треба.

Има ли некои клучни парчиња облека кои ги носиш постојано?

A.P.C. Cotton Tunics.

Кои се твои стилски икони?

Моите пријатели и мојата помала сестра - сите имаат стил, ме инспирираат да се потрудам кога се облекувам. Го обожавам стилот на Франсоа Харди од 60-тите и Нина Ван Палант во „The Long Goodbye“.

Има ли некои нови зимски парчиња облека што ги меркаш?

Некои широки фустани од Cacharel и Хенрик Вибсков.

Имаш ли некаква приказна за неверојатни парчиња облека кои си ги добила?

Кога имав петнаесет години мојата постара сестра живееше во Њујорк и ми испрати голема кутија со нејзини „отпадоци“. Имаше неверојатни парчиња облека од извонредни брендови и секако, морав да ги носам на училиште, но смрдливата соблекувална во училишната сала не беше баш најдобро место за фустан од Missoni.

Можеш ли да ни кажеш некаков совет за паметно купување облека?

Клучно е уредувањето на плакарот. Секоја сезона вадам сѐ од плакарот и давам многу парчиња облека, инаку се прави голем неред и не можеш да видиш што имаш.

Што си купила последно?

Пар винтиџ чизми до колена.

Како изгледа еден твој типичен ден?

Утринска прошетка до кафулето Фикс со моето куче Клементина, потоа на работа, пауза за чај во четири часот, а потоа вистинска прошетка со Клементина и мојата пријателка Кејтлин во Elysian park пред да се стемни. Убава вечера со сопругот и пријателите е нешто што едвај чекам да се случи, но времето кога сум најкреативна е помеѓу 6 попладне и 3 наутро, особено ако сум врзана со рокови - па тогаш си пуштам музика и работам додека очите не ми се замаглат и повеќе не можам да гледам во мониторот.

Извор: cargocollective.com

ОкоБоли главаВицФото